ЌЕ СЕ РЕШАВААТ „ЧУВСТВИТЕЛНИ“ ПРАШАЊА: Хардинај најави дека утре со Заев ќе решава „чувствителни“ прашања, не е исклучена и слобода за терористите од Диво Насеље

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај од утрешната средба со својот македонски колега Зоран Заев во Приштина очекува напредок по сите прашања од заемен интерес, вклучувајќи ги и „чувствителните“

„Утре го пречекувам премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, во официјална посета на Република Косово, како знак на добра волја за понатамошен развој на односите меѓу нашата земја и Република Македонија. Убеден сум дека оваа посета ќе ги продлабочи нашите односи, напредувајќи во сите прашања, без разлика колку се чувствителни. Како премиер, јас ќе ги претставувам народот и државата Косово на конструктивен начин, заради градење стабилни односи, а граѓаните на земјата треба да ни дадат простор и почит потребни за продлабочување на билатералните односи“, напиша Харадинај на својот профил на „Фејсбук“.

Иако не прецизира што подразбира под „чувствителни прашања“, претседателот на косовската Влада уште за време на протестите во Приштина во почетокот на ноември за осудителните пресуди за членовите на т.н. Кумановска група не ја исклучи можноста за тоа да разговара со Заев при неговата посета на Косово.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This