Советот на општина Чашка донесе одлука членовите на училишниот Одбор, директорката, градоначалникот и претставници на политичките партии во Советот, да остварат средби со највисоките надлежни структури за да се најде решение за учениците Албанци, рече градоначалникот на општината, Горан Стојановски.
„Ќе оствариме средби и со министерот и со премиерот, со една цел, за да се најде решение за децата да си учат на својот мајчин јазик, што им следува согласно законот“, изјави градоначалникот по завршувањето на седницата на Советот.