ЌЕ СЕ ФОРМИРА НОВА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА: Албанскиот политички блок во Македонија ќе добие нова партија предводена од Џелал Бајрами

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имер Селмани и Мерсел Билали сметаат дека Албанците и сите граѓани во земјава имаат потреба од квалитетни, демократски, проевропски ориентирани партии, со квалитетни програми, пишува „Независен весник“

 

Според информациите на „Независен“, во албанскиот политички кампус, оваа недела ќе се формира нова партија. Како што неофицијално, весникот дознава, подготовките за новата албанска партија се при крај и само детали се во прашање пред таа да биде официјално претставена пред граѓаните на Македонија. Новата партија ќе биде раководена од поранешниот министер во составот на Владата од 2006-2008 година, Џелил Бајрами, кој моментално живее во Албанија.

Главна причина поради која се смета дека е потребна нова партија во албанскиот политички кампус е ослабениот глас на Албанците, што се покажа на последните парламентарни избори преку освоените пратенички места во Собранието.

По осамостојувањето на Македонија и нејзиното прогласување за независна држава, во земјава имало само еден албански политички субјект, додека во 2018 година има вкупно седум албански партии. Поголемиот број Албанците го поставуваат прашањето дали на македонската политичка сцена има потреба од нов, осми политички субјект?

На ова прашање „Независен“ разговараше со политичките аналитичари Имер Селмани и Мерсел Билали. Поранешниот министер, пратеник и градоначалник, Имер Селмани, смета дека ова прашање има и добра, но и лоша страна. Според него, позитивно е што ќе има конкуренција меѓу албанските партии, но во зависност од ориентираноста и програмата на новата партија ќе зависи дали гласот на Албанците во земјава ќе биде сплотен или поделен.

„Ова прашање во себе содржи два одговора: едниот е дека конкуренцијата е добра работа, значи никогаш не смееме да се вратиме во системот на монизмот со една партија, бидејќи потоа политичарите што ја водат таа партија се заљубуваат во себеси, стануваат арогантни и ги немаат за приоритет потребите на граѓаните. Од друга страна, се поставува прашањето дали има потреба гласовите да се поделат? Сигурно дека нема потреба од такво нешто бидејќи ние не сме мнозинство во Македонија. Но и за оваа работа има начини како гласот да се унифицира, преку разни предизборни коалиции во димензија во која политичките партии се идентификуваат и имаат заедничка платформа, програма и интереси“, рече Селмани. Сепак, како што додаде Селмани, граѓаните се тие кои на крај преку избори ќе го кажат својот збор и мислење за која било партија.

Според аналитичарот Мерсел Билали, пак, во албанскиот политички кампус потребна е партија која ќе го негува граѓанскиот концепт и која во себе ќе ги содржи демократските и западни вредности.

„Мислам дека е законско и уставно право на секој што мисли да оформи партија да го направи тоа, но сигурно се работи за структури кои не претставуваат релевантни фигури и во прашање се одредени индивидуални интереси кои немаат капацитет да го разбудат политичкиот амбиент. Но може да разговараме за потребата од нов политички субјект кој е граѓански ориентиран со демократски и западни вредности. За ваков вид партија имаме голема потреба бидејќи таква политичка партија немаме тука. Но тоа се прави на многу посериозен начин отколку тенденциите кои одвреме-навреме се раѓаат во Македонија“, рече Билали.

Повеќето аналитичари сметаат дека новите политички субјекти се добредојдени на политичката сцена во земјава, но треба да се има предвид содржината на нивната програма која треба да им ја претстават на граѓаните кои на изборите ќе имаат шанса да ја дадат својата проценка.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This