ЌЕ СЕ ЧЕШЛА РАБОТЕЊЕТО И ТРОШЕЊЕТО ПАРИ НА ЏЕС БЕЈЛИ: Истражители од САД ќе го проверуваат финансиското работење на Амбасадата на САД во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Аналитичари од Канцеларијата за отчетност на владата на САД (ГАО) престојуваат во Македонија за да извршат теренски активности, што произлегуваат од оценувањето што ГАО го врши на помошта што САД ја дава за развој на демократијата во Македонија. ГАО ги спроведува овие активности по барање на претседавачот со Поткомитетот за Африка, глобално здравје, глобални човекови права и меѓународни организации, на Комисијата за надворешни работи, конгресменот Крис Смит, и уште шест негови колеги од Претставничкиот дом на САД“, се вели во писмената информација испратена од одделот за информирање на американската амбасада во Скопје – пренесува порталот Експрес.мк

Според дописот, ГАО планира да го објави својот извештај на крајот од летото или почетокот на есента 2018. Амбасадата очекува извештајот тогаш да биде достапен за јавноста.

„Канцеларијата за отчетност na владaта – раката на Конгресот за вршење на ревизија, евалуација и истраги – е формирана како поддршка на Конгресот за да ги исполни своите уставни обврски и да помогне да се подобри функционирањето и отчетноста на федералната влада за американските граѓани. ГАО испитува како се користат јавните фондови, ги оценува федералните програми и политики, и обезбедува анализи, препораки и друга помош, за да помогне Конгресот да носи информиран одлуки поврзани со надзор,политики и финансирање. Заложбата на ГАО за добро владеење се рефлектира во суштинските вредности на отчетност, интегритет и сигурност“, стои во информацијата на амабсадата на САД во Македонија.

Предходно 7 американски конгресмени од американските власти побараа да се истражат наводите дека пари на американските даночни обврзници се трошени со цел да се даде политичка поддршка на една политичка партија во Македонија што е во спротивност со американските закони.

Дел од десничарските медиуми во САД и дел од конгресмените тогаш тврдеа дека со околу 5 милиони американски долари преку фондацијата Отворено општество биле помагани партиски а не проекти од општ јавен интерес.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This