ЌЕ СИ ЛЕЖИ ЛИ НЕКОЈ: Предистражната постапка за 35 милионскиот тендер за реагенси сè уште во тек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преистражната постапка за поништениот тендер „тежок“ 35 милиони евра за набавка на лабораториски реагенси за испитување на крв, тапка во место. 

Пред четири месеци, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по допрен глас, а заради постоење на индиции за повреда на законот при водење на тендерската постапка за набавка на реагенси и тестови за лаборатории кој го распиша Министерството за здравство, поведе предистражна постапка. Истата сè уште трае. Но, од Јавното обвинителство, досега нема одговор  за текот на постапката.

Министерот за здравство Филипче, претходно, го стопираше 35 милионскиот тендер. По бурните реакции во јавноста, тој излезе со оправдување дека тендерот не бил прекинат под притисок, туку поради некомплетната документација на фирмата која доставила понуда.

Претходниот тендер предизвика низа контроверзии, откако се обелодени дека само една фирма се јавила како понудувач, а како подизведувач компанија која била регистрирана четири месеци пред распишување на тендерот.

И покрај сомнежите во јавноста, и започнатата предистражна постапка од страна на Јавното обвинителство, министерот Филипче не се откажа од набавката. Па минатиот месец, најави дека повторно ќе биде распишан тендер, но овој пат, како што увери, постапката немало да наиде на проблеми.

Тендерот, сè уште не е објавен, а според најавата на министерот Филипче, постапката требаше да започне пред една недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This