March 29, 2024, 10:26 am

ЌЕ СИ ПРАВИМЕ „ПАРАДА“ ШТО НИ МОЖЕТЕ: Советникот за социјални медиуми во Влада избeгa од прашањата на „Инфомакс“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо одговори, отчетност и како што му стои во описот на работната позиција во владата „дигитална транспарентност“ советникот на Заев, Влатко Васиљ, одлучи да бега од легитимно поставени прашања, а во негово име неколку партиски ботови да се обидуваат да ја дефокусираат дискусијата во правец кој нема никаква поврзаност со настанот

Арогантната објава во стилот „си правиме што сакаме, ништо не ни можете“ на советникот за социјални медиуми и дигитална транспарентност на Заев во Владата на Р.Македонија, наместо одговори на легитимно поставени прашања, реши да молчи, а ситуацијата да ја „вади“ со помош на партиските ботови кои се обидуваа да дефокусираат од конкретните прашања.

„Да, ќе правиме парада. Има некој против?“ – напиша советникот на Заев за социјални медиуми и дигитална транспарентност на Твитер.

На ваквата констатација, нашата редакција му постави две прашања.

Ако може одговор на овие прашања:
Чии и кои права се прекршени, и ако има такви нели сте вие одговорни за заштита на било кои права? Не ли мислите дека е поприоритетно средствата да се потрошат на подобрување на условите за живот на, на пример, децата без родители?

Но, наместо одговори, Васиљ одлучи да молчи, а наместо одговори беа активирани партиските ботови.

„Груевизмот, за жал, уште не е ретко заболување“ – напиша еден од ботовите.

Она што дополнително импонира, е леснотијта со која Васиљ отворено признава дека позади т.н. Парада на гордоста стои токму владата на Р.Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This