ЌЕ СЛЕДУВА И БЛОКАДА НА ПАТОТ ТЕТОВО-ЈАЖИНЦЕ:Граѓани од Тетово протестираа пред општината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на населбата Блок четири од Тетово денеска протестираа пред општината, поради неотворање на патот кој се бара веќе 20 години од страна на овие жители.

Претседателот на месната заедница на Блок 4, Бајрам Локи, изјави дека досега шест пати испратиле писмени барање до општината, меѓутоа ниту еднаш не се примени нивните барања, а исто така не се примени ниту за разговор кај самата градоначалничка Теута Арифи.

– Сто пати сме им се обратиле на компетентните луѓе во општината. Ниту еднаш не се слушнаа, да дојдат и да видат како живееме. Ние праќаме барање за отворање на патот, бидејќи околу 40 куќи се без пат, тие ни враќаат одговор за знаците, вели Бајрам Кучи, претседател на месната заедница.

Тој нагласи дека ако општината не го отвори патот, ќе следува блокада на главниот пат Тетово-Јажинце.

Додаде дека жителите секој ден се изложени на ризик од пожар, а пожарната нема како да влезе населбата.

Протестите од Блок 4 се префрлија пред општината. Учесниците во протестот таму разговараа со шефот на секторот за патишта на општината, Арсим Нуредини.

Тој од жителите побара да почекаат до понеделник, кога, како што рече, ќе почне отворањето на патот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This