ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО ГЛАВНИОТ, ИЛИ ЌЕ КАЖУВАМЕ ПРИКАЗНИ: Социјалните мрежи бараат да се открие вистинскиот нарачател на 27.април!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По сведочењето на Александар Василевски – Нинџа пред Kривичниoт суд во Скопје дека на 27.април, тој и уште неколку припадници на УБК биле инструирани шефот на службата и нему блиски лица, реагираа низа на јавни личности преку социјалните мрежи


На информацијата за тоа кои биле лицата со кои контактирале организаторите на терен за време на 27.април, Нинџа посочи неколку лица, за кои во јавноста одамна се зборува дека се блиски до екс-шефот на УБК, меѓу кои и Спиро Ристовски и Билјана Бришковска.

-Влегов внатре и седнав на една маса, како се движеше толпата така се даваа наредбите. Бришковска комуницираше со Трајко Вељановски, истиот и даваше насоки за состојбата внатре. Миле Јанакиески мислам и тврдам за Спиро Ристовски комуницираа со Бетмен Велит. Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје со директива од партијата. Сакам да нагласам дека од тука се координираше сето тоа што се случи на 27 апри – рекол Нинџа, пренесува Фокус.

Реагираше актерот Тони Михајловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој посочи дека сведоците би требало да го посочат „главниот нарачател“, а како што вели, тој не е Никола Груевски.

Со реакција се јави и новинарот Миленко Неделковски, кој објаснува дека доколку имало таква операција за каква што тврди Александар Василевски – Нинџа, истата била изведена крајно аматерски и волонтерски, без добро разработен план. Оттука, според него, не е ниту чудно што странскиот фактор – во случајот амбасадорот на САД Џес Бејли – ги „развали ко дете звечку“ – пишува Неделковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This