ЌЕ ФОРМИРАМЕ СОПСТВЕН ПАРЛАМЕНТ: Зијадин Села се заканува со формирање на сепаратистички институции во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, изјави дека доколку не бидат реализирани барањата на Платформата на Албанците, тогаш постои можност да се формира и албански парламент во Македонија.

zijadin_sela

Села за „Телевизија 21“ рече дека ќе влезе во коалиција со СДСМ на Зоран Заев само доколку оваа партија претходно донесе закон за албанскиот јазик, повторно се расправа за Буџетот и ако се продолжи рокот за активноста на СЈО, а потоа „ќе дојде време и за промена на Уставот“.

„Ако не се прифатат овие барања, Албанците ќе ги бојкотираат изборите и ќе формираат свои институции, меѓу кои и албански парламент во Македонија“, рече.

На 7-ми јануари, албанските партии во Македонија објавија дека ја усвоиле заедничката платформа, зад која стојат ДУИ, Движењето БЕСА и Алијансата за Албанците, која ќе биде основа на партиите на Албанците во преговорите за формирање на нова влада, и во која се бара албанскиот јазик да добие статус на официјален, економска рамноправност, со учество на албанските партии да се реши спорот за името со Грција како наводен услов за интеграции во Европската унија и НАТО, но и непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство, и редица други барања, меѓу кои и осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.

Оваа заедничка декларација дојде десетина дена по средбите во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама, и два дена по средбата во Приштина, на покана од косовскиот претседател Хашим Тачи. По овие две средби беше најавено дека челниците на ДУИ, Али Ахмети, на Преродба со БЕСА, Биљал Касани, и на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ќе излезат со заедничка платформа која ќе биде став за преговорите со големите политички блокови на Македонците, за формирање коалициска влада.

Во изјавата трите партии беше нагласено дека тргнуваат од „слободната и демократска волја на албанските гласачи изразена на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, на 11-ти декември, дека се посветени на просперитет и долгорочна стабилност на Македонија и определени, без алтернатива, за интеграција во НАТО и во ЕУ“.

Во писмената изјава беше наведено и дека оваа декларација „која е составена од страна на албанскиот фактор, и е поддржана од страна на албанските партии во Македонија, за која ниту една посебна албанска партија нема посебна заслуга, туку сите се подеднакво заслужни, ја изразува заедничката волја дека која и да е партија која денеси во иднина може да биде дел од власта, да се залага дека со која и да е владина програма со кој и да е македонски партнер овие точки да бидат главен приоритет врз основа на кои ќе се подржи одредена владина програма“.

Зголемените апетити на оредени сепаратистички движења во рамки на албанските партии беа поттикнати од начинот на кој СДСМ и Зоран Заев ја водеа својата предизборна кампања, ветувајќи двојазичност и кантонизација на Македонија.

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This