ЌЕ ЈА ДОВЕДАТ МАКЕДОНИЈА НА ПРОСЈАЧКИ СТАП: Три мултинационални компании ќе ја напуштаат државата, а уште толку ја заобиколиле Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неспособната влада на СДС ги брка инвеститорите. 60-тина компании кои најавија дека ќе вложат во Македонија во времето ва ВМРО-ДПМНЕ сега ги нема. Светската компанија за производство на трактори веќе ја одбра Србија, како земја во која што би инвестирале наместо Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ посочува дека катастрофалните политики во економијата ќе ја доведат Македонија до просјачки стап.

-Три големи мултинационални компаниии најавиле дека планираат напуштање на државата, бидејќи се незаводоволни од односот на владата. Две од компаниите се од автомобилската индустрија и доаѓаат надвор од Европа, а третата компанија е од технолошката индустрија и е со европски капитал. Доколку се случи такво нешто ќе следуваат отпуштања на околу 10.000 работници, а тоа е лошо за целокупната македонска економија. Игнорантскиот однос на неодговорната и неспособна влада на СДС ја доведе македонската економија пред колапс. Граѓаните ќе почнат да ги губат своите работни места за кои владата на ВМРО-ДПМНЕ мака мачеше да ги донесе, нагласи Делев.

Според него, Зоран Заев и врхушката околу него се грижи само за неговите компании и за луѓето блиски до него.

-Криминалната влада на СДС бесрамно се богати на грбот на граѓаните и им ја скратува можноста за основна егзистенција. Ситуацијата е алармантна. Економијата тоне, Македонија е пред економски колапс, индустриското производство три месеци е во пад, БДП има историски пад од 1,8%, преработувачката индустрија исто е во пад. Се затвораат фабрики. СДС ја  урнисува тешко изградената стабилност во економијата. Од најпосакуваната економска и балканска дестинација Македонија остана последна благодарение на црното економско трио Тевдовски, Анѓушев, Заев. Ова мора да запре, потенцира Делев.

Рече дека ВМРО ДМПНЕ привлече странски директни инвестиции во висина од над 2,6 милијарди евра.

-Благодарение на тие инвестиции извозот растеше. Македонскиот извоз од 1,9 милијарди се зголеми на 4 милијарди како резултат на странските директни инвестиции. Во 2006 година немаше ниту една функционална индустриска зона. ВМРО-ДПМНЕ отпочна проект за развој на вкупно 14 такви зони од кои 8 целосно функционираат, а другите 6 се во изградба. Бенефитот и влијанието врз економијата што го имаат овие инвестиции е повеќе од очигледен. Се намали стапката на невработеност, од високи 38% на 22,9%, се вработија млади луѓе. Се отворија нови микро фирми за потребите на големите фирми. Парзарот на труд се разигра на корист на граѓаните, платите во одредени сектории се кренаа, истакна Делев.

Потенцира дека компаниите што требаше да дојдат, а одлучија да не инвестираат во Македонија заради лошите економски политики на Зоран Заев и неспособната владата на СДСМ, ќе отвореа нови 25.000 работни места. 25.000 семејства со додатен приход. 25.000 луѓе со можност за просперитет и егзистенција.

-Сето тоа сега со владата на СДС е само еден далечен сон. Граѓаните се најголемите губитници од политиките на Зоран Заев и СДС. Граѓаните се и тие кои ќе го казнат СДС на 15-ти октомври, додаде Делев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This