April 27, 2024, 12:33 am

ЌЕ ЈА ОТВОРАМ „ПАНДОРИНАТА КУТИЈА“: Започна завршниот збор на Боки 13, најави дека ќе каже се што знае иако може да го „самоудават во кофа вода“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојат мисли и сеќавања кои не смееме да си ги изговориме ниту на самите себеси, вели Бојан Јовановски во својот завршен збор, додавајќи дека пред судот и јавноста овој пат ќе си дозволи овие зборови да ги каже, со што ќе ја отвори „фамозната Пандорина кутија“

Вели дека постои можност поради ова да биде „самоудавен во кофа вода“ поради ова, но додава дека не се плаши и ги повика да се обидат да го направат тоа.

Јовановски тврди дека тој е предмет на политички прогон бидејќи токму тој е идниот лидер на оваа земја, колку и тоа на некому да звучи комично.

Тој ја замоли јавноста да го следи секој негов збор со внимание. Објасни дека тој не подлегнал под ничиј притисок, ниту пак ги прифатил „советите“ на емисарите кои во затворот му велеле дека требало да молчи за да добие подобар третман.

Јовановски ја обвини Русковска дека лажела во целиот процес и сакала да сокрие нечии кривични дела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This