Ќе yмpeмe затоа што лekoт пpoтив kopoнa нeмa пapтиcka kнишka

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако американскиот претседател Доналд Трамп можеше за два дена да ја победи заразата од коронавирусот, и да продолжи со полна сила да ја води предизборната кампања, притоа изјавувајќи „се чувствувам како Супермен“, логично се поставува прашањето – Зошто не можеме и ние да ја набавиме истата терапија и да се справиме со КОВИД-19?

Можеме, е краткиот одговор на тоа прашање, но како и се друго во Македонија работата се комплицира кога во игра влегуваат бизнис интересите на политичарите, кои својата функција често ја злоупотребуваат и наместо во служба на граѓаните, нивните ингеренции ги користат во служба бандитизам.

Терапијата која ја примаше претседателот на САД Доналд Трамп, но која на големо се користи и во развиените земји (Јапноија, Јужна Кореја, Скандинавските земји) се состои од комбинација на лековите „Ремдесивир“ и „Авиган“ (фавипиравир).

Клинички Студии

Според студијата објавена Интернационалното списание за инфективни болести Фапиравир (Авиган) има широка терапевтска маргина на безбедност за високи дози и е достапна како орална формула.

Бидејќи 80% од пациентите заразени со COVID-19 имаат лесна до умерена тешка клиничка слика, оралната формулација е попогодна. Лекот овозможува брз уништување на вирусните партикули, големо подобрување на ренген снимките на градниот кош и подобра стапка на клиничко закрепнување во споредба со другите наменски антивирусни лекови.

Лекот е измислен во Јапонија и за прв пат е искористен во Јапонија со цел конторолирање на епидемијата на грип (птичји грип), денес тој како лек за Ковид 19 се користи во Индија и некои други држави.

Ремдесивир го намалува времетраењето на симптомите од 15 дена на 11 во клиничкото испитување во болниците ширум светот. Лекот би имал потенцијал да спаси животи, да го намали притисокот врз болниците и да овозможи дел од изолациите да бидат намалени.

Ремдесивир првично беше развиен како третман против Ебола. Тој е антивирусен и делува со тоа што го напаѓања ензимот кој му е потребен на вирусот за да се реплицира во нашите клетки.

Испитувањата се водени од страна на Американскиот Национален Институт за Алергија и Заразни болести (НИАИД) и во нив учествуваа 1.063 лица. Д-р Антони Фаучи кој раководи со НИАИД вели: “Податоците покажуваат дека ремдесивирот има јасен, значаен и позитивен ефект и го намалува времето за закрепнување“.

Набавка во Македонија

Неколку Македонски компании, меѓу кои „Промедика“, „Алкалоид конс“, „Жан Митрев“, „Систина“, веќе поднеле барање до Агенцијата за лекови (Малмед) за издавање на дозвола за интервентен увоз на овие два лека. Сите компании, како што дознава „Инфомакс“ од извори во Агенцијата, веќе имаат обезбедено соодветни количини од овие лекови, кои речиси со сигурност би ја ставиле под контрола состојбата со коронавирусот во земјава.

Но, тука наидуваме на првата пречка.

Пречката е директорот на Малмед Лирим Шабани, кадар на ДУИ и бивш министер за локална самоуправа.

Според него, во Македонија се уште немало дозвола за пуштање во промет на овие лекови, па затоа тој се уште нема дадено дозвола за интервентен увоз на овие два лека во државава, иако и самиот е свесен дека ситуацијата со коронавирусот излегува од контрола.

На прашњата на „Инфомакс“ кои беа прецизни, Лирим Шабани одговори опширно и нејасно, обидувајќи се притоа да манипулира со јавноста, сметајќи дека тоа што го одговорил нема да биде проверено.

Дали МАЛМЕД има план да дозволи увоз на лековите Ремдесивир и Авиган?

Точно ли е дека компаниите Промедика, Алкалоид-Конс, Жан Митрев,
Систина, побарале дозвола за интервентен увоз на лековите Ремдесивир и
Авиган на веќе обезбедени количини?

Зошто се уште не е дозволен таков увоз, иако имаме информација дека
малопродажната цена би била симболична и би значително би помогнала во
борбата против КОВИД-19?

Сте се консултирале ли со правни експерти во врска со Вашата одговорност
при намерно затајување на одобрување на ваква набавка, ако се утврди
дека свесно сте го ставиле јавното здравје во опасност?

Наместо конкретни одговори, Шабани одговори дека Македонија овие лекови немаат добиено одобрение за ставање во промет во земјава.

Ве известуваме дека согласно законските одредби Агенцијата за лекови и медицински средства е надлежен орган кој е одговорен за  издавање на увозни дозволи согласно одредбите од Законот за лекови и медицински средства. Увозни дозволи се издавааат за лекови кои имааат одобрение за ставање во промет. Доколку лекот нема добиено одобрение за ставање во промет во нашата држава увозникот кој поднесува барање е должен покрај останатите документи да достави и оправданост на барањето. Имајќи ја во предвид целокупната ситуација која е настаната со Ковид 19, Агенцијата за лекови и медицински средства доколку има барање од соодветни институции за потреба од одреден лек за третман на пациенти и тоа е доставено во прилог на документацијата при барањето за увоз не само за remdesivir ili favipiravir туку за кој било друг лек за кој има потреба ќе издаде увозна дозвола и ке овозможи достапност на лекот во нашата држава. Нагласуваме дека одредени лекови во своите индикациони подрачја немаат дефинирано дека се наменети за третман на корона вирус, и начин на примена при оваа состојба, од таа причина во цел на ПРАВИЛНА употреба на лекот, и заштита на здравјето на пациентите, Агенцијата ќе го пушти лекот во промет само по добиени мислења од стручни лица кои се вклучени во третманот на оваа болест.

Во насока на заштита на јавното здравје се укажува дека само правилнната употреба на лекот е ефективна и без неочекувани несакни реакции.

Проверка на факти

Во оваа прилика нема да го коментирам одговорот на Лирим Шабани во смисла на тоа дали одговорил на поставените прашања, или не. Очигледно е дека ниту едно од прашањата го нема одговорено.

Нема одговор на тоа дали посочените компании веќе обезбедиле количина на овие спасоносни лекови, и зошто се уште немаат добиено дозвола за интервентен увоз иако, залиха на овие лекови би значела и спас за илјадници заболени од коронавирусот.

Наместо одговори, Шабани објаснува дека во Македонија се уште нема дозвола за пуштање во промет на овие два посочени лекови. Но фактите се поразлични од она што се обидува да го прикаже директорот на МАЛМЕД.

Имено, на 16-та седница на Владата на Р.Македонија одржана на 27.10.2020, која, патем кажано, се одржа дигитално поради опасноста од коронавируост, е одобрена набавка токму на лекот „Веклури“ (Ремдесивир) и тоа во количини кои ги набавува Министерството за здравство.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 16-та редовна седница ја разгледа информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“, прифатен во терапијата на КОВИД-19, со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија и обезбедување на финансиски средства и донесе заклучок да го задолжи министерот за здравство да го потпише и имплементира Посебниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“ согласно обврските преземени од Рамковниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“, доделен со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија.

Во случајот со лекот Фапиравир (Авиган), овој лек – односно неговата генеричка форма – е дозволена за промет во Македонија уште од периодот кога Македонија се подготвуваше за епидемија од птичји грип. Фапиравирот се користи и за лекување на обична инфлуенца.

Бизнис интереси

Би се запрашале, што е причината и зошто овој директор во МАЛМЕД (кадар на ДУИ) се уште нема дадено дозвола за интервентен увоз на овие лекови, и кој нормален човек во ваква ситуација не би дозволил спас на цела држава. Внимавајте, поради пандемијата со коронавирусот, Македонија се соочува освен со здравствена криза и со се покатастрофална економска криза која се заканува да биде драстично посериозна од КОВИД-19.

Набавката на овие лекови би значело и олеснување на животот на граѓаните на Македонија, олабавување на стегите во кои се наоѓа економијата, а и побрзо излегување од кризната состојба во која се наоѓаме.

Од она што го дознава „Инфомакс“, во Малмед (Агенција за лекови) најверојатно се работи за немање на доволна иницијатива за набавка на лековите. Ниту една од овие компании на ниту еден начин не е поврзана со ДУИ, што пак, би значело дека ниту една од овие компании нема абер да прави задкулисни бизнис зделки со претставници на владејачката партија.

Во моментов, како што дознавам, се работи на пронаоѓање на фирма која би можела да обезбеди доволна количина на овие лекови, а во исто време да има и бизнис врски со владејачката ДУИ. Кога ќе се пронајде таква компанија, тогаш и ние ќе добиеме лекови.

Перверзно, нели?

Бизнис врз гробовите на стотици починати од коронавирус.

Еве, да направиме проста математика – ако барањето за издавање на дозвола било поднесено пред еден месец, а просекот на починати од коронавирус во текот на еден ден е 25 лица, колку починати луѓе се тоа?
Замислете, дозволата за увоз на „Ремдесивир“ и „Фапиравир“ да била издадена пред еден месец, и овие 700 луѓе денес да беа на својата трпеза на ручек заедно со своите најблиски, а не се бидејќи некој кој бил во можност да ги спаси се уште не издава дозвола за овие лекови да бидат достапни на граѓаните.

Одговорност

Ако се докаже како точно, а верувам дека властите во Македонија немаат намера да бидат дел од ваква перверзна игранка и ќе ги докажат овие информации, тогаш треба да следува одговорност.

Политичка и кривична, секако.

Дали е одговорен Венко Филипче?
Можеби дел од одговорноста паѓа и врз грбот на Филипче, но, за волја на вистината министерот за здравство нема ингеренции врз Агенцијата за лекови. Но, дали можел да предупреди или да побара помош од Зоран Заев и да интервенира кај коалициониот партнер за да издејствува дозвола за интервентен увоз на овие лекови? – Можел, секако!

На прашање на „Инфомакс“ за потврда на информацијата дека неколку компании имаат обезбедено количини на „Ремдесивир“ и „Авиган“, но се уште не е дозволен интервентен увоз – Филипче не упати да се обратиме во Малмед, посочувајќи ја вината за евентуален пропуст врз директорот на оваа агенција – и реално, таму е одговорноста.

Зоран Заев

Истото прашање кое му беше поставено на Филипче, му го поставивме и на премиерот Зоран Заев, кој пак, ни кажа дека одговор сме добиле од министерот за здравство.

Точно, во моментот кога ни одговори Заев, веќе имавме добиено одговор од Филипче. Одговор кој упатува на тоа дека и највисоките органи на власта, одговорноста за оваа ситуација ја префрлаат врз директор на Агенција.

Премиерот и министерот за здравство, одговорноста ја префрлаат врз директор на Агенција, иако, знаеме дека премиерот има можност да издаде наредба со која на Лирим Шабани ќе му биде одземена можноста да биде брокер со јавното здравје.

Арно ама, Лирим Шабани е од ДУИ, а како што во повеќе наврати самите функционери од оваа партија нагласуваат – за нив премиер е Али Ахмети и тие го слушаат само него.

Замислете, премиерот е ставен во позиција да губи животи на сопствени граѓани поради бизнис интересите на неговиот коалицонен партнер.

Бизарно.

Од ДУИ, молк

Прашања за одговорност упативме и до ДУИ, од каде до објавувањето на овој текст – како и секогаш – наидовме на ѕид од тишина.

Артан Груби, иако имаше можност да го каже неговиот, партискиот став, одлучи да молчи.

А прашањето е следно:

Бидејќи директорот на МАЛМЕД е кадар на ДУИ, ќе барате ли од него одговорност доколку се докаже дека е точно дека намерно не издал дозвола за интервентен увоз на овие лекови (Ремдесивир и Авиган) во борба против КОВИД-19 и со тоа свесно го довел јавното здравје во опасност?

Одговор, нема.

А.Митовски

Насловна фотографија:
Арбнора Мемети,
Мета.мк, новинска агенција

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This