ЌОСЕТО НЕМА ДА СЕ ПОСТАВИ ВО СОПИШТЕ: Отфрлено барањето за повторно гласање на Советот за поставување на споменикот на Ќосето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната седница на советот на општина Сопиште беше отфрлено барањето на советникот на Алијансата за Албанците за повторно гласање за поставување на тргнатиот споменик на Ќосето во оваа општина. Незадоволни од одлуката, советниците Албанци ја напуштија седницата. Тие рекоа дека поставувањето на споменикот на Ќосето во Сопиште би предизвикало меѓуетничка омраза, па затоа инсистираа гласањето да биде со Бадентер, односно за него да гласаат и барем половина од немнозинските заедници.

„Гласањето да биде според Бадентер. Тука живеат Албанци, Турци и Македонци. Поставувањето на споменикот на Ќосето во оваа општина може да предизвика тензии. Ние сме против и ќе бараме и други методи Ќосето да не биде донесен тука“, изјави Орхан Гафури, советник на Алијансата за Албанците

„Бараме гласање според бадентер, бидејќи ние живееме во мултиетничка општина. Во општина Сопиште 30% сме Албанци. Јас како советник на ДПА ја бојкотирам оваа седница. Ќе организираме протести. Ако не гласала Алијансата, тогаш кој гласал!? Нè манипулираат“, рече Бајрам Бајрами, советник на ДПА

Претседателот на советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски негираше дека имало нерегуларности при гласањето. Тој наведе дека сепак, целата иницијатива ќе се стави на мирување сè додека не заврши судскиот спор меѓу компанијата и здружението донатор на споменикот.

При првото гласање шест советници гласале “За“, а четвориц “против“ поставувањето на Ќосето во Сопиште. ВМРО-ДПМНЕ има 6 советници од кои еден отсуствувал на денот на гласањето. Тројцата советници на СДСМ велат дека гласале против. Истото го тврдат и двајцата советници Албанци, од Алијансата и од ДПА. Останува нејасно, кој од опозициските советници гласал “За“ а кој “Против“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This