ЌУЛАВКОВА: Ако е зацврстен идентитетот зошто МАНУ треба да го промени името?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Академик Катица Ќулавкова во вечерашното гостување во емисија Само вистина на Канал 5, праша ако е точно дека со Преспанскиот договор потпишан од Владата на СДСМ се зацврстил идентитетот тогаш зошто Македонската академија на науките и уметностите треба да го промени своето име.

Ако е точно дека ние сме го зацврстиле идентитетот, тогаш зошто ние треба да го смениме името на МАНУ – праша Ќулавкова.

Таа смета дека акронимот МАНУ не смее никако да се промени бидејќи преку тоа име е позната институцијата и дека доколку тоа се направи тогаш Македонската академија на науките и уметностите тотално ќе се обeзличи пред целиот свет.

Јас мислам дека ние акронимот во никој случај е смееме да го смениме бидејќи МАНУ е симбол на таа институција кој не претставува во цел свет и навистина ќе се обезличиме тотално како институција ако сега тука нешто менуваме – рече Ќулавкова.

Според нејзе само македонски народен театар останал со стариот назив, бидејќи во државата има Албански и Турски театар.

Од сите нaционални установи го задржа називот „македонски“ само Македонскиот национален тетатар само затоа што како пандан, значи паралелно има Албански и турски театар – вели таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This