Ќe имa ли пoceбни пpoтoкoли зa пpocлaвa нa нoвoгoдишнитe и бoжиќнитe пpaзници – ќe имa ли кapaнтин?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како ќе ја дочекаме Новата 2021 година? Како ќе го славиме христовото раѓање, Божиќ, дали исто како и воскреснувањето, во карантин и полициски час? 

Уште само еден месец од 2020 година. Празнична еуфорија речиси и да не се чувствува. Каде за Нова година, прашање, кое оваа година не се поставува. Сите знаеме најубаво и најбезбедно ќе биде дома. 

Пандемијата со корона вирусот е во полн ек. Секој ден се поголем број на заразени и на смртни случаи. Никој не е имун на вирусот, ниту најмладите ниту најстарите, велат лекарите. Да се носи маска, да се одржува лична хигиена, да се држи дистанца и без групирање, ова се освните препораки за заштита од вирусот. 

Додека минатите години, периодов имаше еден куп понуди за дочек на Новата година, дали патување во странство, дочек во ресторан или кафуле, дочек на плоштад, оваа година нема ништо. 

Градоначалникот на Град Скопје, Шилегов, неодамна изјави дека дочек нема да се организира во Скопје, ниту пак ќе се организира Винтерленд, но градот сепак нема да се откаже од новогодишно украсување. Едни општини се откажуваат и нема да трошат пари за украсување, други ќе одбележат скромно. 

Европските метрополи, со посебни протоколи за Нова година и Божиќ. Некаде уште сега има карантин и полисицки час. 

Во Македонија, се уште нема прецизни насоки, како ќе се дочека Новата година, додека пак светската здравствена организација веќе препорача да бидат ограничени собирањата и дружењата. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This