Ќe ce cлyчи ли oвa чyдo? Cитe здpaвcтвeни paбoтници ќe бидaт нaгpaдeни, Bлaдaтa издвoи oдpeдeнa cyмa зa нив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со ребаланост на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Kовид-19 вирусот.

Парите ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава.

Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи.

Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почнат да се реалзираат четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This