ЏАБЕ И ИМЕ СМЕНИВМЕ: Македонија нема никакви шанси да добие датум за преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сигурниот датум за старт на преговорите за членство во Европската унија веќе не е сигурен. Иако, во текот на целата референдумска кампања наративот на власта беше дека со изгласувањето на Преспанскиот договор, Македонија во јуни оваа година ќе ги започне преговорите со ЕУ, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи вели дека сега не можеме да бидеме сигурни во тоа.

Според неговите зборови Македонија сега е во трка со времето, а со овој негов став се согласува и аналитичарот Петар Арсовски, кој во разговор за Алфа предупредува дека ова е можеби последниот воз за почеток на преговори, со оглед на скептицизмот околу проширувањето на унијата, кој посебно е изразен кај Франција. Според Арсовски сепак шансите Македонија да добие датум се 60 спрема 40.

-Македонија во моментов води трка со времето со Европската унија. Имајте предвид дека во Европа следат избори сега во мај и дека составот на новиот Европарламент ќе биде многу поскептичен. Така што е прашање дали Македонија ќе го овој последен воз за почеток на преговори или ќе влеземе во нова тура на евроскептицизам. Истовремено е точно дека со договорот од Преспа ние ги отсранивме меѓународните пречки, дека останува домашната работа, вели Арсовски за Алфа.

За разлика од Арсовски, поранешниот амбасадор на Македонија во Обединетото Кралство, Ристо Никовски вели дека шансите за добивање датум за преговори се речиси никакви, а дури и да се добие истиот, тие би траеле веројатно 15 години.

-Иако би било добро Македонија да добие датум за преговори , објективно шансите да дојде до тоа се минимални, скоро никакви. Бидејќи познато е, а тоа вчера и Бујар Османи го спомена, дека францускиот претседател Макрон јасно стави дознаење, нема проширување пред реформи во унијата, вели Никовски за Алфа.

Тој вели дека фундаментална грешка била што концесиите кои Македонија ги дала не ги валоризирала во Брисел.

-Македонија требаше јасно и одговорно да каже: „Господна ние сме спремни за катacтрофални решенија за оваа држава и овој народ, но дајте вие гарантирајте ни датум за преговори“, вели Арсовски.

Иднината на СЈО е еден од најважните услови за евроинтеграциите, но политичките субјекти во државата се со различни ставови околу идното функционирање на Обвинителството на Јанева. Но и да се договорат работите ќе висат.

-Договорот кој ќе го постигнат партиите за СЈО внатре, кој може да биде многу компромисен треба да го прифати Европската Унија, изјави Арсовски.

Најскептични околу стартот на преговорите се Франција и Холандија, но и Белгија прецизно порача оти Преспанскиот договор не е доволен за евроинтегративниот напредок на Македонија.

Матеја Петровски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This