ЏАБЕ ПРЕГЛАСУВАЊЕТО: Иванов нема намера да го потпишува указот за ратификација на договорот од Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Иванов повторно нема да го потпише указот на Договорот за името. Неговиот став е непроменет: тој вели дека не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на интересите на Република Македонија и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани, како што соопшти неговиот кабинет. Иванов вели дека во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, Заев лаже.

„Претседателот Иванов најостро ги демантира лагите изнесени од премиерот Заев во интервју за ЕРТ, дека ќе го поддржи Договорот со Грција. Со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови, Заев продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската туку и грчката и меѓународната јавност. Членството во ЕУ и НАТО не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ“, кажа Ѓорге Иванов, Претседател на РМ.

Премиерот Заев вчера изрази уверување дека референдумот ќе биде успешен, а потоа, сите политичари, и власта и опозицијата и Иванов, ќе треба да ги послушаат граѓаните. На истиот начин, вели премиерот, ќе следуваат уставни промени и потпис од претседателот.

Ѓорге Иванов работи спротивно на интересите на државата, велат од СДСМ и најавуваат дека нема да дозволат ниту една деструктивна сила да ја закочи македонската иднина.

„Најавата на Иванов дека нема да ја почитува волјата на граѓаните искажана на референдум во најмала рака е скандалозна за секој нормален, одговорен политичар. Претседател на држава не смее да се става над законите и Уставот. Тој е должен да го потпише указот на законот. Ако на Иванов не му е јасно дека Договорот е за членство на Македонија во Еу и во НАТО, нека ги преслуша пораките од целиот демократски свет“, соопштија од СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This