(Видео) Џамбаски: Македонија, ако сака во ЕУ, да го ocyди своето koмyниcтичко минато и да стави kpaј на нacилcтвото и kpшењето на човековите права врз Бугарите во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, во своето обраќање до Европскиот парламент, зборувајќи за приоритетите на Европската Унија за време на словенското претседателство со Советот на ЕУ, истакна дека проширувањето на унијата кон Западен Балкан е неопходно, но невозможно со, како што изјави тој, состојбата во Мaкедонија со кршењето на човековите права.

„Несомнено, еден од приоритетите на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ ќе биде проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. Оваа интеграција е неопходна, дури и земји како Република Албанија и Црна Гора денес можат да бидат полноправни членки на ЕУ. Но, има нешто друго што е крајно загрижувачко. Ваква е состојбата во Република Македонија. Моите колеги во ЕП веќе се добро свесни дека човековите права сè уште се кршат во оваа земја. Локалните македонски државјани, кои се идентификуваат како Бугари, се прогонувани од полицијата, малтретирани и казнети за своите убедувања. Јазикот на омраза кон Бугарите и сè што е бугарско во Македонија продолжува“, изјави Џамбаски.

Тој посочи дека е лицемерно са се молчи за кршењето на човековите права и злоупотребата на позицијата на македонската влада, како и обидите за оцрнување на Бугарија.

„Кога станува збор за форми на притисок, очигледно е дека колегите во ЕП се обидуваат да извршат таков притисок и врз Бугарија. Зарем не е лицемерно да молчиме за кршењето на човековите права, злоупотребата на позицијата на владата на Македонија, обидот за оцрнување на Бугарија на кој било начин, вклучително и преку платени публикации во медиумите? Се разбира, мора да има проширување на ЕУ, но Република Македонија мора да го осуди своето комунистичко минато и да стави крај на насилството врз бугарските граѓани и кршењето на човековите права врз Бугарите во Македонија“, вели Џамбаски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This