Џамбо Агушев: Во секое лошо има и добра страна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето го минувам во изолација со мојот син Мерт, кој многу ми недостигаше за време на моите многубројни настапи низ светот. Па сега гледам да ги надоместам сите тие моменти


Со синот
Џамбо Агушев или кралот на трубата, како што го нарекуваат сите, од ден во ден реди успеси како на македонската така и на странската сцена. Со неговиот оркестар „Џамбо Агушеви“ дури имаат настапувано на каналот на светската телевизија БИ-БИ-СИ, Персија. А, тука се и многубројните соработки со познати музичари меѓу кои: Тото Котуњо, Хусну Сенлендиричи и Наташа Атлас.

Џамбо, по четврти пат беше прогласен за „Прва труба во Македонија“ на манифестацијата „Златна бубамара“. Но, оваа година неговиот најнов албум „Brasses For the Masses“ е прогласен за најдобар албум во светот од музичкиот магазин “Songlines“. Музичарот со интернационална кариера за ВЕЧЕР раскажа како ги поминува неговите денови дома, што најмногу му недостига во овие карантински денови и дека и тој, како и секој совесен граѓанин, строго се придржува до предложените мерки.

Седејќи дома си ужива во музичките звуци на трубата, но и со неговиот син Мерт.

– И јас како сите останати во нашата држава и пошироко деновите ги минувам дома. Тогаш размислувам за моите нови музички проекти кои ги има доста во мојата глава. Со господ напред, се надевам дека ќе ги остварам. Инаку, секако, дека вежбам ама со мојата прва љубов, а тоа е трубата. Јас многу сакам да јадам и сум голем гурман, а особено сум љубител на италијанската и турската кујна. Останатото време го минувам со мојот син Мертчо, кој многу ми фалеше за време на моите многубројни настапи низ светот. Па сега гледам да ги надоместам сите тие моменти. Така што во секое лошо има и добра страна, вели Џамбо.

Вистински другари се и хумани

Иако не се еден до друг како на досегашните настапи тие пак се заедно, но онлајн. „Џамбо Агушеви“ тоа не го прават само поради нивната дружба туку и за останатите граѓани со цел да не мислат на замавот на ковид-19.

– Најмногу ми недостасува дружењето со мојот оркестар. Поради моменталната ситуација се дружиме и свириме онлајн. На тој начин гледаме да го свртиме вниманието на луѓето да не размислуваат нон-стоп на актуелната тема ковид-19, а воедно да ги забавуваме преку социјални мрежи, раскажува Агушев.

Не само поради своето туку мислејќи и за доброто на другите луѓе, совесно постапува почитувајќи ги сите воведени мерки од надлежните.

– Јас активно ги почитувам сите препораки од страна на Владата со цел побрзо да се вратиме на нормалните секојдневни активности. Исто така ги почитувам и за моето, но и за здравјето на луѓето околу мене. А, топло им препорачувам и на другите да ги почитуваат за подобро утре на сите нас, вели Џамбо за весникот ВЕЧЕР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This