Џафери: Ако утре не се изгласа претседател на Собранието, значи дека лaжaт и немаат мнозинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседавачот на Собранието Талат Џафери денеска им дал насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом.

Според Џафери, тоа што утре претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство.

Во изјава за Канал 5 телевизија, Џафери, сепак, звучеше сkептично дека Заев има обезбедено мнозинство.

Прашан што ако утре не се појават поголем број на пратеници, Џафери одговори:

-Тогаш тоа значи дека никој нема мнозинство. Тоа значи дека лaжaт. Што друго? Ако имаат мнозинство треба да дојдат во Собрание. Јас постапувам според тоа што го имам како податок. Пендаровски утре доделува мандат, тоа значи дека обезбедиле мнозинство, повелете, тоа мнозинство рефлектирајте го во Собранието, рече тој.

Ако утре не се појават пратениците и не го изгласаат претседателот, Џафери вели дека тоа ќе значи дека немаат мнозинство и дека лaжaт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This