March 28, 2024, 10:37 pm

ЏАФЕРИ Е НЕЛЕГИТИМЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО: Се надевам дека нема да зборува на албански на Мечкин Камен и нема да провоцира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ГРОМ Панчо Минов во денешното гостување во вестите на Алфа Телевизија вели дека не може да се сети на друг постизборен период каде за толку кратко време биле сменети раководните функционери.

 

-Причините за тоа сигурно се повеќегодишното отсутво од власт на актуелната влада, како и претстојното остварување на политики и мерки на владата што како цели ги најавува, истакна Минов.

Во однос на најавите дека претседателот на Собранието ќе држи говор на чествувањето на Илинден, Минов се надева дека тој нема говорот да го држи на албански јазик.

Тој посочи дека содржината на договорот за добрососедство со Република Бугарија е многу нејасна.

-Ние бараме, бидејќи се работи за договор, а не за декларација, да имаме прецизност во правата и обврските и една симетричност во однос на тоа што значи компромисни решенија по однос на тоа да се признае македонската држава, македонскиот народ, македонскиот јазик, истакна Минов.

Посочи дека пратениците во идниот период ќе бараат од владата да ја обелодени содржината на договорот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This