Џафери на Работилница за демократија во Виена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во рамки на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти во Виена во Австрија учествуваше на Работилницата за демократија на Австрискиот парламент, каде одговараше на прашања од младите учесници поврзани со значењето на демократијата и парламентаризмот.
На Работилницата учествуваа австриски ученици од билингвални училишта, на возраст од 13 до 15 години.
-Претседателот Џафери одговараше на прашања од младите учесници, кои се интересираа за неговото мислење за значењето на демократијата и парламентаризмот, предностите и слабостите на демократијата, вклученоста на младите во политиката и слично, соопштија од Собранието.

Претседателот Џафери нагласил дека демократијата претставува владеење на граѓаните и владеење на правото, што им дава слобода на индивидуите да мислат, да се изразуваат и да делуваат. Демократијата, исто така, преставува способност да се слушне различното мислење на другиот.
Работилниците за демократија успешно функционираат во Австрискиот парламент од 2007 година, со цел за стимулирање на интересот за политика и за демократските процеси кај децата и младите луѓе.
-Преку овие работилници, на децата и младите им се дава можност директно да се запознаат со улогата на Парламентот, парламентарните процеси и секојдневната работа на пратениците. Со учеството во работилниците, кај децата и младите се поттикнува свеста за демократијата, се охрабрува нивното политичко критичко размислување, вклученост и изразување на сопственото мислење, а се подобрува и медиумската писменост, се наведува во соопштението на Собранието.
Инаку, лани во март претседателите на двата парламенти, Џафери и Соботка, потпишаа писмо за намери за основање на работилници за демократија во Собранието на Република Македонија, по примерот на оние кои функционираат во Австрискиот парламен

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This