April 16, 2024, 12:46 pm

ЏАФЕРИ НА СРЕДБА СО ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ: Џафери се сретна со европратениците Вајгл, Кукан и Флекенштајн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.

На средбата, на која присуствувале и претставници од Европскиот парламент и од Европската комисија, Џафери изрази задоволство од средбата и ги информираше европратениците за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, за активностите на Собранието според Планот на Владата 3-6-9, Препораките од Прибе, Извештајот на Анкетната комисија за настаните од 24 декември 2012 година, како и за реформите што ќе се преземат на планот на европската и евроатлантската интеграција на земјата.

Укажал и на зголемената активност на Собранието на меѓународен план, со фокус на парламентарната дипломатија и заложбата Собранието да биде видливо на сите поважни меѓународни настани во Европа и пошироко.

– Џафери ја нагласи важноста од негување и градење добрососедски односи, за што го посочи потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и претстојната средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, се вели во соопштението од собраниската служба за информирање.

Вајгл го поздравил нормалното функционирање на државните институции во Република Македонија и, како што рекол, особено новиот концепт, визија и стил на работа на Собранието на Република Македонија и неговиот претседател, со што се враќа дигнитетот на институцијата.

– Истакна дека во Европскиот парламент атмосферата е многу позитивна и дека ја нудат својата помош и поддршка за приближување на новата демократија кон европските вредности и креирање атмосфера за компромис меѓу различните парламентарни политички партии за полесно надминување на проблемите од транзицијата, со крајна цел севкупно унапредување на европските интеграции на земјата, се додава во соопштението.

Соговорниците заеднички се согласиле дека политичкиот дијалог мора постојано да се култивира и унапредува меѓу сите чинители во политичкиот процес за непречено функциоирање на Собранието на Република Македонија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This