April 16, 2024, 10:09 am

ЏАФЕРИ ОЧЕКУВА ФОРМИРАЊЕ НА НОВА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА: До крајот на неделата одметниците ќе кажат дали ќе дејствуваат како независни или ќе формираат нова пратеничка група

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во однос на најавата и можноста за нова пратеничка група од осумте пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните измени, претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека Деловникот го дозволува тоа, но тие се уште не доставиле известување до него како ќе постапат.


Тие имаат право според Деловникот за работа на Собранието, имајќи предвид дека се отцепиле од коалицијата и одлуката на партијата да ги исклучи, и според Деловникот можат да се самоорганизираат, имајќи предвид дека се повеќе од пет. Но од формален аспект треба индивидуално и формално да се изјаснат за нивниот статус, дека не се дел од коалицијата и потоа со нов акт да ме известат, за да може да формираат пратеничка група. Кога и да се изјаснат, нема временска дистанца да го направат тоа, рече Џафери.

Седумтемина пратеници исклучени од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека до крајот на неделата ќе кажат дали ќе дејствуваат како независни или ќе формираат нова пратеничка група. Засега ја отфрлаат можноста да се приклучат кон друга пратеничка група. Неизвесно е дали на Емилија Александрова, Нола Исмајлоска-Старова, Елизабета Канческа-Милевска, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Зекир Рамчиловиќкои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, ќе им се приклучи и пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ, која ги поддржа уставните измени за разлика од своите сопартијци, кои гласаа против уставните измени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This