ЏАФЕРИ ПОД ИТНО ЈА ЗАКАЖА СЕДНИЦАТА : Попладнево собраниска седница за имунитетот на Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талат Џафери за попладне во 17 часот закажа пленарна седница на која пратенциите треба да се изјаснат за препораката на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за одземање на имунитетот на Никола Груевски, на барање на судот поради одредување мерка при твор за предмети што ги води СЈО.

Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.


Комисијата денеска со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски, кој доби политички азил во Унгарија. На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This