Џафери: Предвремени избори може да има ако пратениците гласаат за тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предвремени парламентарни избори може да има секогаш ако мнозинството од 61 пратеник одлучат да се самораспуштат, рече денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, на редовната средбата со новинарите.

– Јас имам обврска во рок од 60 дена од самораспуштањето да распишам нови избори. Сметам дека е неодговорно да се размислува за тоа во ваков момент во кој сега се наоѓа Македонија имајќи ги предвид сериозните прашања за кои се решава во земјата. Ако и има такви размислувања мислам дека се врзани со теснопартиски интереси со цел собирање политички поени. Ако се размислува државнички и за иднината на граѓаните тогаш не треба никој да размислува за избори, рече Џафери.

Зборувајќи за парламентарното мнозинство, Џафери рече дека до сега не добил официјален допис од партијата БЕСА дека се разделени.

– За сега формално тие се една пратеничка група. Но од петок со изборот на новата Влада ќе мора да го дефинираат својот статус затоа што не може дел од нив да бидат во Владата а другите да бидат спротивни на нив. Со тоа нема да можат да ги уживаат привелегиите како пратеничка група, објасна Џафери.

Што се однесува до изборот на новата реконструирана Влада, закажан за први јуни годинава, Џафери рече дека иако Деловникот за работа на Собранието не прецизира строги правила сепак во постојаниот контакт со пратеничките групи може да се договорат како ќе оди изборот.

– Доколку не се договориме како ќе оди изборот на Владата тогаш ќе се работи по системот на брзи прсти. Имаме рок од еден ден за избор на новите министри и уште еден ден за избор на замениците министри. Работата може да биде завршена и за еден ден но ако не упсееме да го направиме тоа тогаш ќе работиме и во сабота, кажа Џафери.

Собранието во петок нема да расправа за изборот за заменик министер за образование се` додека не биде избран новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК). За оваа позиција е предложен Петар Атанасов, пратеник од редовите на СДСМ, но не е на списокот затоа што првин ДИК  ќе треба да го верификува изборот на пратеникот кој ќе стапи на негово место.

На средбата со новинарите тој уште кажа дека на 11 јуни може да се очекува на дневен ред на 47 седница на Собранието на дневен ред да биде ставен усогласениот Предлог-етички кодекс на Парламентот, објавување оглас за избор на членови на ДИК по стариот модел, а можен е и изборот на заменик министер за образование.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This