ЏАФЕРИ СЕ ИЗНЕРВИРА: Да, смешно е и јас би се смеел да сум на твое место, оти некои во салава ништо не разбираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да, смешно е и јас би се смеел да сум на твое место, оти некои во салава ништо не разбираат, рече претседателот на собранието Талат Џафери на смеењето на пратениците на опозицијата, откако тој два пати побара службите  да ги пребројат присутните  пратеници за Собранието да може да гласа за разрешување на министрите без ресор Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски.

Собранието на Република Македонија на денешната 77-седница на предлогот на Владата ги разреши Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата.

Премиерот Зоран Заев, во образложение на предлогот рече дека разрешувањето е исклучиво од политички причини и по одлука на двата коалициони партнери во Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This