ЏАФЕРИ СЕ ОДНЕСУВА КАКО ШЕРИФ: Несериозно е да се помисли да има нови избори во 2018 година, а спорот за името може да се реши формално-правно и без референдум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Несериозно е да се помисли да има нови избори во 2018 година, затоа што Македонија ја чекаат процеси за евроатлантската интеграција и реформи кои треба да се спроведат, изјави денеска Талат Џафери.

Тој изрази надеж дека на седницата на 9 јануари, која ќе биде прва во следната година, ќе присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и потенцираше дека политичката криза завршила пред шест месеци. Според Џафери излегувањето на Алијансата за Албанците од Владата не го разнишува парламентарното мнозинство и од тоа не зависи кворумот во Собранието.

-Убеден сум дека ќе има мнозинство и во 2018 година, дека во Собранието ќе учествуваат сите политички партии, што ќе води кон позитивен извештај од Европската комисија во април и датум за почнување на претпристапните преговори – рече Џафери.

Џафери информираше дека ратификацијата на Договорот со Бугарија во Собранието не треба да се очекува пред 15 јануари следната година, а предлог-законот за употребата на јазиците ќе се најде на собраниска седница на 9 јануари. Прашан што ќе се случи доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише законот за јазиците, Џафери рече дека тогаш предлог-законот повторно ќе се врати на пленарна седница во Собранието според законите и Уставот, а потоа законот може да се донесе и без да го потпис од претседателот Иванов.

На истата седница со законот за јазиците ќе се најде и точката за избор на двајцата уставни судии, кои се на предлог на претседателот Иванов, по што ќе почне постапката за предложување и именување.

Џафери информираше дека процесот „Жан Моне“ ќе започне на 25 и 26 јануари, следната година, а во однос на спорот за името повтори дека тој формално-правно може да се реши и без референдум.

– Спорот за името може да се реши во Собранието, затоа што таму има претставници на сите политички партии за кои гласале граѓаните. Сепак, тоа е политичка одлука за која е потребен политички консензус – додаде Џафери.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This