ЏАФЕРИ СИ СЕ КАНДИСА: Ако нема цензус на изборите в.д. шеф на државата ќе биде претседателот на Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонското Собрание нема да работи од 1 април кога почнува предизборната кампања за претседателските избори.

Собранискиот спикер Талат Џафери вели дека е вообичаена пракса Собранието да не заседава во тој период, но остава можност да свика седница доколку се јави неодложна потреба.

Тој на денешната средба со медиумите истакна дека доколку во вториот изборен круг нема цензус и не биде избран нов претседател на државата, по Уставот претседателот на Собранието ја врши должноста во период од најмногу шест месеци.

Во меѓувреме, рече Џафери, се повторува постапката за избор на претседател на државата, односно се распишуваат нови избори.

Овој случај, потенцира претседателот на Собранието, е предвиден во Уставот, како што е предвидено и што се случува доколку по било кој основ претседателот на државата да е спречен да ја извршува функцијата. Двата случаи, рече Џафери, се регулирани со членовите 81 и 82 од Уставт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This