Џафери: Hи вo вoeнa cocтojбa пpaтeницитe нe ce oгpaничeни вo движeњeтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците имаат право да дојдат и да гласаат во посебни услови утврдени со протокол, кој е донесен во јули 2020 година, кога јас бев во болница, вели за Дојче Веле претседателот на Собранието Талат Џафери, по бурните реакции за тоа дека неколку заразени пратеници со Ковид 19 присуствуваа на вчерашната седница во Собранието облечени во целосна заштитна опрема.

Мицкоски се закани дека „сите кои го прекршиле законот ќе одговараат од прв до последен“, а првиот меѓу еднаквите во парламентот, претседателот Талат Џафери, тврди дека сѐ е во согласност со Протоколот донесен пред одржувањето на конститутивната седница по минатогодишните парламентарни избори.

Ни во воена состојба пратениците не се ограничени во движењето. Нивен личен став е дали ќе дојдат на седница. Јас не можам да му наредам на пратеник да не дојде на седница. Според ‘Протоколот за спроведување гласање за пратеници кои се наоѓаат во домашна изолација’, тие имаат право да дојдат и да гласаат во посебни услови утврдени со протоколот, кој е донесен во јули 2020 година, кога јас бев во болница. Како дојде Арбен Зибери да гласа за избор на Владата? Па според истиот протокол кој се применува повеќе од осум месеци – вели претседателот на Собранието.

Џафери потенцира дека се раководи од член 62 став 1 од Деловникот според кој „претседателот на Собранието со потпретседателите се грижи за остварување на правата на пратениците и за обезбедување услови за нивната работа“.

Јас имам обврска да обезбедам услови за сите пратеници да имаат можност да учествуваат во работата на Собранието. Според протоколот, тоа значи да бидат обезбедени сите посебни услови и мерки под кои тие можат да дојдат, да учествуваат во работата и да гласаат. Тука спаѓаат повеќе постапки – од процедури за влез во парламентот, преку дезинфекција (пред и потоа) на посебните кабини во кои може да присуствуваат пратениците што доаѓаат од домашна изолација, па се до посебен список каде тие ќе стават потпис за присуство, за да не бидат во комуникација со списокот за другите пратеници, и ред други превентивни мерки – објаснува Џафери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This