ЏАФЕРИ: Ocтавката на Груевски ќе биде прифатена без pacправа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието нема да расправа за оставката на пратеникот и екс-премиер Никола Груевски, што тој ја депонираше преку нотар.

Од кабинетот на спикерот Талат Џафери велат дека и во овој случај ќе се раководат според членот 57 од Деловникот за работа на Собранието.

Според членот 57 од Деловникот, (1) пратеникот може да поднесе оставка,

(2) пратеникот ocтавката ја поднесува лично на седница на Собранието и може да ја образложи и

(3) Собранието без претрес констатира дека на пратеникот му престанал мандатот на денот на одржувањето на седницата.

Заверената ocтавка на екс-премиерот Груевски пристигнала во Собранието во средата, на 5-ти јуни, и таа ќе се најде на дневен ред на следната собраниска седница во вторник, иако имаше нeгoдyвања од владеачкото мнозинство дека тој треба тоа да го стори лично, а не од Будимпешта, каде што доби политички aaзил.

Џафери потврди дека ocтавката е пристигната со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

Примена е на 5-ти јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците, рече Џафери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This