March 29, 2024, 11:31 am

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ГИ САКА НЕГОВИТЕ КРЕАЦИИ: Тони Матичевски, македонски дизајнер со светски успех!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тони Матичевски, дизајнер со македонско потекло кој живее во Австралија, веќе извесно време е дел од стилските избори на многу познати жени. Во интервју за „Ел“, Матичевски зборува за својата работа и за тоа дали практикува на одредени познати дами од светскиот шоу бизнис да им плаќа да ги носат неговите креации.

Во октомври минатата година, Џенифер Лопез на настанот „Жените во Холивуд“ се појави во црна асиметрична сукња, розов сатенски топ преку кој имаше стилизирана машна во крем боја. Медиумите веднаш се запрашаа кој стои зад вакво необично издание. Креацијата на Џеј Ло е токму на македонскиот дизајнер, кој во Австралија со семејството се преселил во седумдесетите години. Тој веќе подолго време има верни клиенти од Кина до Јордан.

Во октомври минатата година, Џенифер Лопез на настанот „Жените во Холивуд“ се појави во креација на Матичевски

„Да, моето македонско потекло има влијание, и во создавањето на било која колекција се инспирирам од етно-традицијата во Македонија и нејзината околина. За жал, сега не сум многу упатен во модната сцена во Македонија и во поранешна Југославија. Општ впечаток на луѓето од светскиот моден бизнис е дека Балканот е поднебје на многу креативни луѓе чиј талент не е доволно разбран и искористен “, изјавил дизајнерот за „Ел“.

Тони завршил на Кралскиот институт за технологија во Мелбурн, како еден од најдобрите студенти во класата. Набрзо потоа ја освоил наградата „Фешн груп интернационал“, по што следи понудата за работно место кај Дона Каран со седиште во Њујорк. Матичевски ја одбил оваа понуда, и место во Њујорк заминал во Париз, каде што две сезони работел за брендот „Черути“. На 21 година, во 1998 година се вратил во Њујорк и основал бренд со своето име.

И Бијонсе облече фустан од нашиот дизајнер

Подоцна, неговите модели ги носеа Бијонсе, Ким Кардашијан, Пенелопе Круз, Хеиди Клум…

“ Ги облекувам славните, но без надокнада. Тоа е повеќе пракса на други дизајнерски куќи. Ја имам таа среќа, голем број на познати дами, кои дури имаат и договори со појаки модни куќи, да сакаат да соработуваат со мене, затоа што им се допаѓа како им стојат моите модели. Тоа е за мене победа, кога некој по своја желба ќе ги избере моите креации. Желбата да облечете нешто во кое што ќе се чувствувате убаво е посилна од било какви пари или потпишан договор. Секој дизајнер се труди да го задржи својот моден печат, а тоа најдобро се постигнува со работа со љубов, без притисоци и без рокови“, изјавил познатиот дизајнер.

Како негов следен проект, тој ја најубава новата оригинална линија на чанти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This