ЏЕЈМИ ОЛИВЕР: Енергетските пијалоци лошо влијаат на успехот на училиште на децата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Популарниот кувар Џејми Оливер ги повика државните органи да забранат продажба на енергетски пијалоци на деца бидејќи се сомнева на поврзаност со пиењето на енергетски пијалоци и лош учинок во училиште.

Тој смета дека границата за продажба на енергетски пијалоци треба да се постави на 16 години. Оливер смета дека владата треба да се придржува до насоките кои веќе постојат на лименките каде што пишува дека енергетските пијалоци не се погодни за деца.

– Доколку компаниите кои ги произведуваат енергетските пијалоци сугерираат дека нивните производи не се препорачуваат за деца, зошто деца може да ги купуваат кога што сакаат?, прашува Оливер.

Дури 69 отсто од тинејџерите и 24 отсто од децата под 10 години во Велика Британија консумираат енергетски пијалоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This