April 19, 2024, 10:14 am

ЏЕЈСОН МИКО: Прашањето пред оваа генерација Македонци е дали сте достојни на задачата да ја одбраните и зачувате слободата?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подржувачот на Македонија од Американскиот Сенат, во својот последен текст уште еднаш ги потсети Македонците дека борбата сеуште не е изгубена.

 Борбата не е готова, таа ќе трае уште долго. Ќе мора да продолжиме сите законски и легални средства што ни се на располагање за да ја продолжиме борбата за македонското име, идентите, јазик, Устав, историја, наследство и култура да останат негибнати.

 Случајно совпаѓање – додека ја пишувам колумната, во Британија се одржуваше Народниот марш за глас, на кој, погодувате, се бара да се организира нов референдум за Брегзит. На елитите не им се допадна резултатот од првиот референдум, па затоа ќе бараат „селаните“ да гласаат одново и одново, додека не гласаат како што треба. Таква ви е западната „демократија“.

 Народот го кажа своето на референдумот на 30 септември и јасно се определи против промена на името. Владта на Македонија, помогната и водена од западните елити и глобалисти (повеќе за нив подолу) ја игнорира волјата на народот и употреби, како што рече комесарот на ЕУ Јоханес Хан, „балкански пристап“ за да изнуди гласање во Собранието. Овој пристап вклучуваше уцени, закани, мито, притисоци… Таква ви е западната „демократија“.

 Овие настани, и многу слични на Западот денес, ни покажуваат зошто луѓето, особено младите, се откажуваат од „демократијата“. Тие ги гледаат елитите како им зборуваат за тоа што е демократијата, а потоа гледаат како истите елити се однесуваат на авторитарен начин, го газат секое несогласување и се обидуваат да ги уништат оние што размислуваат поинаку од нив. Сакате да знаете зошто угледот на демократијата тоне се пониско низ светот? Само погледнете го Западот.

 Во овој дебакл особено беше нарушен угледот на САД. Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли толку лошо ја застапува Америка и најдоброто што Америка го претставува, што, всушност, е промотор на најлошото. Се работи за суетен, арогантен и злобен човек, човек со многу лош карактер. Тој не го претставува америакнскиот народ, а, што е необично, не го претставува ниту американскиот претседател Доналд Трамп, кој верува во важноста на националните држави и кој верува дека на нациите треба да им се дозволи да ја бранат својата слобода и суверенитет.

 Домот на Демократијата на Западот денес е во криза. Имаме две фракции во Домот: една е групата која се залага демократски империјализам и за се пожесток авторитаризам, и неа ја претставуваат елитите во политиката, државните бирократски служби (неизбраните и пред никого неодговорни бирократи како тие во Стејт Департментот и во ЕУ), потоа аналитичките центри, медиумите и факултетите. Тие веруваат дека смеат да ја користат демократијата за да наметнуваат мека форма на тоталитаризам и да го замолкнат секој вид на несогласување, при што ги менуваат правилата додека играта трае. Тие зборуваат убаво, но на крајот прават се што ќе посакаат и што им е потребно за да завладеат со светот. Тие што им се спротиставуваат ќе бидат казнети.

 Другата група, во отсуство на поприкладен израз, можеме да ги наречеме демократски националисти кои веруваат во националните држави, во суверенитетот и слободата, но за нив слободата доаѓа со обврски и бара доблест и верба, нешто што демократските империјалисти не го прифаќаат. Оваа група ја видовме во акција при Брегзит, тие се луѓето кои го избраа Доналд Трамп за претседател, ги гледаме и во Унгарија, Полска, Италија, Чешка и донекаде во Словачка. Тие се бојкотирачите од Македонија. Оваа група верува дека светот најдобро функционира кога е составен од независни и суверени национални држави кои се натпреваруваат едни со други. Ова е борбата која ќе се води низ нашата планета во следните 50-ина години.

 Забавно беше да се гледаат пораките на честитки на Твитер кои ги упатија демократските империјалисти и авторитарци: можам да ги замислам така седнати во круг, си ги дујат егата еден на друг и се натпреваруваат кој погласно ќе изрази лажна пофалба на договорот, пофалби за „демократските процеси во Македонија“ кои не се ниту демократски ниту се собраниски процес; туку беше одвај прикриен хаос во брутален обид да се дојде до гласови. Повторно, дали е воопшто чудо што младите се повеќе се откажуваат од демократијата?

 Европската партија на Зелените упати твит на честитки во кој се вели дека „Македонија скоро три децении беше во ќорсокак со нејзинтие европски политики. Сега се враќа надежта“. Тешко е се разбере каде гледаат „надеж“ кога 1,2 милиони луѓе не сакаат да се смени името. Јоханес Хан рече дека тоа било „голем ден за демократијта во Скопје“, и повторно намерно одби да го напише зборот „Македонија“. Како можете да зборувате за „демократија“ а да одбивате да ги наречете луѓето со нивното име? Кредибилитетот на Хан е на нула.

 Конечно, мораме да се потсетиме дека слободата мора да се негува и да се пренесе од една генерација на друга. Во „За Македонцките Работи“, Крсте Мисирков напиша дека „полната политичка слобода не чини за ништо ако еден човек не сознава оти неговиот човечки долг, неговиот долг перд својата татковина и својот народ е: труд, труд и пак труд“. Во 1960 година, идниот американски претседател Роналд Реган рече дека „слободата никогаш не е повеќе од една генерација оддалечена од опасноста да изумре. Ние не им ја пренесуваме слободата на нашите деца преку крвта. За неа мора да се бориме, да ја браниме, и да ја предаваме на идните генерации кои потоа мора да го сторат истото“. Пораките на овие двајца државници водат кон тоа дека слободата е кревка и дека мораме постојано да работиме, да ја зачуваме и да им ја пренесеме на нашите деца и на се уште неродентие генерации. Прашањето пред оваа генерација Македонци е дали сте достојни на задачата да ја одбраните и зачувате слободата?

За мене, вие секогаш ќе бидете Македонија.

пишува: Џејсон Мико

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This