April 24, 2024, 11:33 am

ЏЕЈСОН МИКО СО ЦИТАТ ОД КРУШЕВСКИОТ МАНИФЕСТ: И да добиеме слобода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со овие четири зборови, „и да добиеме слобода“, завршува првиот параграф на Крушевскиот Манифест. Тие ја означуваат целта на Илинденското Востание – да се добие слободата. Во тоа време слободата беше краткотрајна – само десет дена – за потоа да биде брутално задушена.

Но, огнот на слободата, таа разгорена желба да се биде слободен, се уште гори во срцата, умовите и душите на Македонците и Македонките, долго откако беше остварена на 8 септември 1991 година, кога ја добивме суверената и независна Република Македонија – слободна држава на слободни мажи и жени, изградена низ вековите со жртвите на мажи и жени кои ги дадоа своите животи и ја ризикуваа својата чест и имот за конечно да дојде и тој ден.

Во „За Македонцките Работи“ Крсте Мисирков напиша дека „Полната политичка слобода не чини за ништо ако еден човек не сознава оти неговиот човечки долг, неговиот долг перд својата татковина и својот народ е: труд, труд и пак труд“. Американскиот претседател Роналд Реган имаше слична изјава во 1960-ите години, кога кажа дека „Слободата никогаш не е подалеку од една генерација од опасноста да изумре. Ние не им ја пренесуваме слободата на нашите деца преку крвта. За неа мора да се бориме, да ја браниме, и да ја предаваме на идните генерации кои потоа мора да го сторат истото“. Од мислите на овие двајца државници произлегува дека слободата е кревка и дека мора постојано да работиме да ја зачуваме и да им ја пренесеме на децата и на се уште неродените генерации. Оттаму, прашањето пред оваа денешна генерација Македонци, е дали сте достојни за задачата да ја одбраните и зачувате слободата? Или дали мислите дека ви е „подобро“ да ја трампате за нешто друго? Никогаш нема да заборавам што еден естонски пријател, всушност функционер во Владата на Естонија, ми кажа во 2004 година, кога неговата држава се зачлени во ЕУ. „Ете“, ми рече, „заменивме еден господар за друг“.

Референдумот на 8 септември 1991 година ја претставува модерната крштеница на Република Македонија, но настаните од 1903 и 1944 година доведоа до нејзиното раѓање. Таа ја содржи желбата за слобода, која изрти во претходните години, а од која сега вие треба да се откажете, бидејќи Преспанскиот договор (поточно Капитулацијата на Заев) апсолутно не се однесува само на името туку за многу повеќе од тоа. Капитулацијата се однесува на вашиот идентитет, достоинство, на прашањето кој ќе владее со вас – дали тоа ќе биде странска сила директно, дали индиректно преку друга држава. Се работи за тоа дали ќе можете сами да носите одлуки за своите прашања. Воедно, и дали ќе бидете одговорни за донесените одлуки и избори.

Лидерите на ЕУ и НАТО ќе ви кажат дека мора да се зачлените во овие две организации за да ја зачувате својата слобода, но вистината е дека, барем во случајот на ЕУ, нивната „постојано поблиска унија“ значи првично да се откажете од мал дел од вашиот суверенитет, а потоа да предавате се повеќе и повеќе. Тоа не е слобода.

Многумина во ЕУ, САД, НАТО, и во Македонија, свесно и намерно работат на тоа уште повеќе да ги поделат Македонците. Ви велат дека постои само „еден пат“ за да влезете во ветената земја на ЕУ и НАТО, и дека за тоа МОРАТЕ да го смените Уставот и тоа ВЕДНАШ. Тие не покажуваат ниту ронка разбирање за ставовите на Македонците кои го бојкотираа референдумот, ниту пак ви велат дека сакаат од вас да го направите „вистинскиот избор“ или да „седнете и да се договорите меѓу себе“. Не, според нив постои само еден пат, тоа е патот што тие го определиле, и ви го натураат на многу апсолутистички начин, кој се повеќе станува авторитарен. Тоа е тоа во што, за жал, Западот се претвора.

Ако го зачувате вашиот Устав неизменет и ако ја отфрлите капитулацијата на Заев, еве пет вистини што ќе останат на сила:

1. Ќе го зачувате тоа за што генерации Македонци се бореле: ќе ја зачувате вашата независна и суверена Република Македонија, призната од 137 држави под тоа име.
2. Македонскиот идентитет и македонскиот јазик и понатаму ќе бидат признати и почитувани, од простата причина што тие и сега се признати и почитувани и не се под никаква закана; ќе ја зачувате и вашата историја, култура, наследство и многу повеќе (се разбира, доколку продолжите да ги негувате).
3. Македонија ќе ја зачува својата про-западна ориентација бидејќи, уште од независноста, и вашиот народ и вашите водачи беа про-западно ориентирани.
4. Македонија ќе продолжи да соработува со ЕУ и НАТО на неброено многу полиња: ЕУ ќеостанеглавенпазарзаМакедонија, и Македонија и понатамуќебиденајблизокможенпартнерсо НАТО.
5. Ќе останат отворени можности за нови разговори со Грција, доколку сакате да го правите тоа, бидејќи секогаш остануваат отворени алтернативи.
Има и други вистини, но овие се основните принципи кои ќе останат на сила, иако многумина во ЕУ, САД, НАТО и во македонската Влада, како и во елитните кругови, никогаш нема да ви го признаат тоа.

Ќе завршам повторно со цитат од Крсте Мисирков, од „За Македонцките Работи“, каде тој изразува надеж за сите Македонци и сите кои ја сакаат Македонија и кои сакаат Македонија да успее, секако, не на штета на другите народи, но за доброто и за слободата на Македонија и на Македонците. Тој вели: „Се надевам дека нема да се земе против мене тоа што јас сум Македонец и интересите на мојата татковина ми се претставуваат така.. Јас сум Македонец, имам македонска свест и имам македонски поглед кон минатото, сегашноста и иднината на мојата земја“.

Се надевам и се молам дека ова нема да им се земе за зло на тие над милион Македонци кои ги поставија интересите на Македонија над се, кои ја сакаат и ја ценат слбоодата, кои сакаат да го зачуваат тоаш што го спечалиле, честопати по висока цена, па и по цена на многу животи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This