April 19, 2024, 11:08 pm

ЏОНИ ДEП ВИКЕНДОВ ПРИСТИГНАЛ ВО БЕЛГРАД: Ќе помине 7 недели во српската престолнина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Славниот холивудски актер Џони Деп викендво стигнал во Белград, каде што ќе го снима филмот „Минимата“ во режија на Ендру Левитас, а тоа го потврдила продукциската куќа „Work in Progress“.

Директорот на куќата „Work in Progress“ Александар Тадиќ открил дека снимањето ќе трае седум недели, од кои недела дена ќе се одвива на црногорското приморје.

„Сега почнуваме со подготовки и барање локации. Дел од сетот ќе мора да се гради во студио, бидејќи се работи за специфичен период и дел од дејството се случува во Њујорк, а дел во Јапонија“, открил Тадиќ.

Тадиќ сè уште не знае дали ќе биде ангажиран некој српски актер, но нагласува дека сè поретко се случува странски филм да се снима во Србија, а да не се ангажираат домашни актери. Што се однесува до филмот „Минимата“, 80% од екипата ќе биде локален кадар.

Дeп првпат бил во Белград во 1992 година кога дури и засвирил со Партибрејкерс, а потоа дошол во 2010 година во посета на Емир Костурица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This