March 29, 2024, 12:16 am

Џонсон: Моето ветување е да ја напуштиме ЕУ на Ноќта на вештерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон, кој се смета за фаворит во трката за наследник на премиерката Тереза Меј, вети дека Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври со или без договор со Унијата.

-Моето ветување е да ја напуштиме ЕУ на Ноќта на вештерките, 31 октомври, рече Џонсон во интервју за ББС

„Мораме да најдеме начин да покажеме на нашите пријатели и партнери колку сме сериозни во нашата одлука. Мораат да сфатат дека нашата одлука за излегување од ЕУ е конечна“ рече тој.

Џонсон се заkани и дека ќе ја блоkира исплатата на парите за ЕУ договорени за „ра3водот“ во висина од 44 милијарди евра, се додека Унијата не се согласи на подбри услови за излегување на Британија од ЕУ.

„Нашите пријатели треба да сфатат дека парите недма да им бидат исплатени се додека немаме јасна слика за нашиот пат “ рече Џонсон.

Борис Џонсон и актуелниот министер за надворешни работи, Џереми Хант, се борат за функцијата премиер и лидер на Конзервативна партија откако Тереза Меј поднесе оставка поради неспроведување на Брегзит.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This