Џорџ Буш постариот 10 години тајно финансирал дете од Филипините, еве што му пишувал…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добротворна организација открила дека поранешниот американски претседател Џорџ Х.В. Буш повеќе од 10 години тајно спонзорирал дете од Филипините, пренесува CNN.

Буш во допишување со детето, кое имало седум години кога Буш започнал да се грижи за него и учествувал во финансирањето на неговата школарина и јадење, го користел псевдонимот Џорџ Вокер за да не го доведе животот на детето во опасност.

“Драг Тимоти, би сакал да се допишувам со тебе”, напишал Буш во првото писмо во 2002 година.

“Јас сум стар човек, имам 77 години, но ги сакам децата и иако не сме се сретнале, веќе те засакав и тебе. Живеам во Тексас и повремено ќе ти пишувам. Ти посакувам многу среќа”, пишува Буш, кој покрај писмата му испраќал и подароци.

Детето за вистинскиот старател дознал кога имал само 17 години и бил шокиран, наведуваат од организацијата Compassion International.

Буш почина минатиот месец на 94 годишна возраст и тогаш било откриено дека неговото семејство не знаело за неговите ангажмани со детето.
Извор:tocka.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This