„ЏУДИШЛ ВОЧ“ СО ТЕМЕЛНА АНАЛИЗА ЗА МАКЕДОНИЈА: Сорос во Македонија делуваше преку Џес Бејли, Џеф Голдстин и Делина Фичо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската Влада тивко потроши милиони долари за да ја дестабилизира демократски избраната, десничарска Влада во Македонија, во соучество со организациите на Сорос, преку амбасадорот Џес Бејли кој беше именуван од страна на Барак Обама

Врз основа на поголем број тужби и барања за пристап до податоци, американската организација „Џудишал Воч“ објави обемна анализа во која се претставува мрежата која милијардерот Џорџ Сорос ја инсталирал во американската дипломатија.

„Џудишал Воч“ претставува некои од клучните ликови во оваа мрежа, во која, од дипломатите во Македонија, се посочени американскиот амбасадор Џес Бејли и заменикот амбасадор на ОБСЕ Џеф Голдстин, како и Делина Фичо, поранешната сопруга на албанскиот премиер Еди Рама, за
која се вели дека во моментов ги троши парите од грантот вреден 9.5 милиони долари добиени од американската организација УСАИД.

Американската Влада тивко потроши милиони долари за да ја дестабилизира демократски избраната, десничарска Влада во Македонија, во соучество со организациите на Сорос, преку амбасадорот Џес Бејли кој беше именуван од страна на Барак Обама. Амбасадорот Бејли работеше заткулисно со Соросовата Фондација Отворено Општество на која и насочи големи суми американски пари за да и помогне да ги реализира своите цели. Парите течеа низ Стејт Департментот и агенцијата УСАИД, која е позната по високото ниво на корупција, при што, нашите документи покажуваат дека од 2012 година УСАИД донирал околу 5 милиони долари за левичарските групи во Македонија, а од 2016 до 2021 година овие групи треба да поделат најмалку 9.5 милиони долари, пишува во анализата во која се вели дека со овие пари американските власти финансирале десетици левичарски групи – таканаречената „пешадија на Сорос”.

„Џудишал Воч“ наведува како група од шест американски сенатори предводени од сенаторот од Јута Мајк Ли во 2017 година побараа отчет од Стејт Департментот и од УСАИД за ваквата злоупотреба на државни американски пари за политички цели, но добиле празен, бирократски
одговор.

Стејт Департментот го игнорираше прашањето. Во април 2017 година сенаторите добија не-одговор од Џозеф Мекманус, дипломат во Стејт Департментот кој претходно бил висок советник на Хилари Клинтон и соработувал со неа по нападот врз конзулатот во Бенгази и беше вмешан во скандалот со нејзините имејл пораки. Мекманус во одговорот практично го игнорира рашањето на сенаторите и ја правда соработката на УСАИД со Сорос. Иронично, Мекманус сега е предложен од претседателот Трамп како иден амбасадор во Колумбија, што според некои аналитичари покажува колкава закана опструкциите на „Длабоката држава“ претставуваат за администрацијата на Трамп, пишува во анализата.

Покрај Бејли, како дипломат стациониран во Македонија кој практично работи за Фондацијата Отворено Општество на Сорос е посочен Џеф Голдстин, заменик амбасадорот на ОБСЕ. Голдстин бил дипломат во Стејт Департмент 25 години, по што се вработил како аналитичар во Институтот Отворено Општество.

Голдстин беше еден од луѓето присутни на средбата на Сорос со Хилари Клинтон во 2010 година, средба на која присуствувал и Мајкл Мекфаул, првиот американски амбасадор во Русија кој не бил дипломат од кариера и поранешен советник за национална безбедност на Обама кој ја креираше политиката на ресетирање на односите со Русија, пишува во анализата.

Освен Македонија, „Џудишал Воч“ собрал поголемо количество податоци за сличните активности на Стејт Департментот во Албанија, каде американската амбасада и УСАИД отворено ја помагале левичарската Влада на Еди Рама, финансирајќи ја неговата кампања за инсталирање на политички послушни судии и обвинители во правосудството. Наведено е дека најголем дел од парите што американските власти ги издвојуват за организациите на Сорос се доделуваат на Институтот за менаџмент Исток – Запад (EWMI), во кој работи токму Фичо. Преку овој Институт се имплементира актуелниот грант од 9.5 милиони долари за македонските невладини организации. Самата Фичо работела за фондацијата на Сорос во Албанија од 1990-ите години.

Во анализата се претставува политизираноста на активностите на Сорос и неговото мешање во политичките настани во САД, како што е кампањата за уривање на претседателот Џорџ В. Буш и финансирањето на организации кои овозможуваат влез на илегални мигранти во САД. Поради тоа, „Џудишал Воч“ бара од администрацијата на Трамп да стави крај на праксата на
финансирање на активностите на Сорос, во САД или низ светот, од страна на американскиот државен буџет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This