02 ИНИЦИЈАТИВА: Доста глумите загриженост, оставки, доста ни е од ПР мерки против загадувањето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ова што го прави власта, не е борба против загадувањето. Ова се ПР мерки за намалување на бесот кај граѓаните и не се по ништо различни од претходните, исти се, ги видовме, не дадоа резултати“, изјави за Макфакс, Невена Георгиевска од „О2 иницијатива“. Таа, ги повика надлежните да си поднесат оставки, затоа што како што рече немаат ниту капацитет, ниту желба да се спрват со проблемот, пренесува Макфакс.

За жал власта проблемот со аеро-загадувањето го сфати многу лежерно. Не може да глумиме загриженост и да чекаме да поминат две години, па потоа да видиме дека планот не успеал, па да правиме нови планови. Се знае треба сериозно да се зафатат со него, да се одвојат повеќе пари и конкретно да се делува. Се покажа дека ова власт, нема ниту волја, ниту капацитет, ниту луѓе на вистински места да направат нешто. Не може да ни биде приоритет ЕУ и НАТО, а ваково сериозно прашање да се турка на страна. Затоа бараме оставки од сите кои се надлежни за негово решавање. Нека покажат свест и одговорност, нека се повлечат, а на нивни места нека дојдат луѓе кои вистински ќе се заложат, рече Георгиевска.
Георгиевска му порача на заменикот-министерот Макрадули да не повикува на трпение кај граѓаните, затоа што реалната состојба не го дозволува тоа. Додава дека секојдневно се зголемува бројот на пациентите во болниците, кои се жалат на респираторни проблеми

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This