1ТВ ВО ОДБРАНА НА ВАРОШЛИЈА СО ИНТИМНИ ДЕТАЛИ ЗА БОЈАНА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слобода на говор на значи и нечие озборување, понижување или омаловажување…

Тоа веќе треба да им стане јасно на сите кои „го негуваат жолтиот стил“ бидејќи некој ќе започне и ќе тужи за навреди, претpпување емотивна бoлkа – впрочем како што политичарите тоа го прават со години. Зошто телевизиските лица или пејачите да бидат подолу од нив…

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=746976165683133&id=100011122685508

Откако модниот „1ТВ гуру“ Сергеј Варошлија, во „неговиот термин“, не штедеше зборови да и каже се’ што има да и каже на водителката од „Улица Македонија“, најмногу на сметка на нејзиниот изглед, имиџ и облекување… Бојана Скендеровски на модниот критичар му возврати со одговор преку својот Фејсбук профил, со ништо помалку лут, оcтар и жестоk јазик!

Но препуkувањето не заврши тука, а и очигледно не остана и само на модата, модниот изглед, имиџот… „1ТВ“ реши не да се препукува, туку да „пуkа“ од сите расположиви оpужја по пејачката и водителката, па веќе вчера, 21 јануари 2019, на својот веб портал осамна нов напис за дамата од „Улица Македонија“.

Овој пат на тапет беа нејзиниот приватен живот со акцент на нејзиното минато, зачинето со пикантни детали од бракот со бившиот сопруг на Бојана, Огнен Чаловски.

„Огнен Чаловски беше првиот сопруг на екс пејачката, а сега водителка Бојана Скендеровски. Нивниот брак траеше само две години, а по разводот Бојана на Огнен му останала должна голема сума на пари, како и мебел од нивниот заеднички стан на Водно. Бојана и Огнен беа во врска околу десет месеци, а се венчаа во 2010 година. Тогаш ја основаа и фирмата „Дестио бело“ и отворија козметичко-фризерско студио“ – ја започнува својата приказна „1ТВ порталот“, продолжувајќи да раскажува како таа и екс сопругот уште од првиот ден многу се расправале зашто неа ја интересирале само пари. Тој не можејќи веќе да издржи го напуштил домот, а таа не му вратила ништо од скапиот мебел и многу лични негови работи кои ги добиле на свадбата, па дури ни велосипедот.


„Огнен се жалеше дека Бојана му останала должна и многу пари кои никогаш не му ги врати, а и го малтретираше и психички“ – тврди во написот порталот на 1ТВ, повикувајќи се како што тие тврдат, на исказите на нивен анонимен извор кој наводно додава дека на Огнен бракот му бил хоpор и дека кога завршила целата драма му олеснило, станал друг човек.
Порталот уште тврди дека редакцијата го исконтактирала Огнен Чаловски кој наводно им ги потврдил овие информации, а тие приказната ја завршуваат со тоа дека Бојана безуспешно се обидувала да биде дел од естрадата, па по неколку години се откажала од пеењето и влегла во водителските води, но и таму не покажала резултати!

На овие, прилично сериозни јавно изнесени детали и квалификации кои длабоко задираат во приватноста на една јавна личност, газдарицата на денес една од најмоќните приватни ТВ продукции во Македонија, не седеше со скрстени раце.
Преку својот Фејсбук профил во една реченица таа веднаш јавно ги обелодени и своите намери.


Очигледно Бојана Скендеровски овој пат ќе се одлучи правдата да ја бара по судски пат. Дали војната на „двата ТВ света“ ќе продолжи вербално и со навредливи преписки или ќе има и судска разрешница, останува да видиме?!
Но, во секој случлај ВРЕМЕ ЗА ТУЖБИ бидејќи некои луѓе само така, можеби, можат да се научат на ред и професионалост!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This