1 мај 1896: Се говорело за македонски народ и слободна и независна Македонија

Поврзано

- Advertisement -

(*Текстот е извадок од книгата ИСТОРИСКА ВИСТИНА – ПРОГРЕСИВНАТА ОПШТЕСТВЕНА ЈАВНОСТ ВО БУГАРИЈА И ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ 1896 – 1956, од ПЕРО КОРОБАР и Д-р ОРДЕ ИВАНОВСКИ, кои се јавуваат како Избор и редакција на книгата, објавена од Култира, 1981, Скопје)

УГНЕТЕНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД ТРЕБА ДА СЕ ОСЛОБОДИ
НЕ САМО ОД СУЛТАНОТ И НЕГОВИТЕ САТЕЛИТИ, ТУКУ
И ОД СЕКАКОВ КНЕЗ ИЛИ ЦАР “Повик до Македонскиот работен народ”

Македонската револуционерна социјалистичка група, која не пропуштила удобен случај да ro пројави своето постоење, им предлага на читателите поместени во оваа брошурка два повика, публикувани по повод први мај, празникот на работниците, во 1896 и 1897 година. И двата тие повика беа конфискувани од бугарската полиција, која, наместо да дејствува токму во кругот на своите атрибуции, ro изврши овој срамен и за секоја осуда акт. Така голем дел од општеството не можеше да ги прочита: зошто се бориме ние, што бараме ние и какви се средствата со кои се служиме ние во оваа решавачка и неуморна борба против турското господство. Оваа брошурка ќе сочинува N 1 од це.-. ред други брошурки, во кои ние ке ги развиеме поопширно нашите револуционерни идеи.

Уште два збора: како што ќе видат читателите, ние немаме ништо општо со разните поткупени патриоти, македонските друштва и комитети, што се раководат од личности на кои искреноста и достоинството се многу сомнителни; тие господа се служат со најбесчесни и долни средства, бараат помош од бугарската влада и од нејзината полиција, апелираат кон оваа или онаа држава, игнорирајќи ја онаа елементарна вистина дека народ кој сака да се ослободи од тешикиот јарем, нема друzо средство освен да се крене со нож во рака, за да ги бара своите законски права и слобода. Глупаци, како тие да не гледаат дека сите европски сили се согласни денес да ја поддржат целоста на Турската Империја, потсмевајќи се злобно над поробените и секојдневно ограбувани Македонци, Ерменци, Критјани и др. Што се однесува до бугарската влада, нејзиното држење е многу одвратно и недоследно и ние сме уверени дека бугарскиот народ нема да задоцни да ја изложи на срамниот столб!

Ние, другите, како револуционери и републиканци, смели и непоколебливи заштитници на уrнетениот макекедонски народ, ние ќе ги вложиме сите возможни сили за да му ја внушиме идејата, дека тој еднаш засекогаш треба да се ослободи не caмo од султанот и неговите сателити, туку и од секаков кнез или цар, од секаква друга власт, за да го подготвиме на тој начин да rи прими новите иден и начела, за кои се интересира културниот свет. Со други зборови, ние ќе се бориме за триумфот на еден републикански режим, во кој навистина народот ќе биде господар на самиот себеси. Ние нема да пропуштиме ниеден случај за да развиеме најширока и трескава дејност, усна и писмена, надевајќи се дека го исполнуваме својот човечки и татковински долг. Ние сме уверени дека сите оние пријатели што rи имаат при срце слободата и напредокот на поробените народи, ќе ни притекнат на помош; ние исцелно ѝ се предаваме на таа воинствена борба, одушевени од тој возвишен идеал за ослободувањето на нашиот народ, верувајќи дека ќе го забрзаме моментот кога насекаде ќе се разнесе пламениот повик:

Да живее револуцијата!
Да живее слободна и независна Македонија!

Latest News

Курти се скapa со американскиот амбасадор: Во Косово не може да има здружение по етничка основа

Барањата за формирање на „моноетнички здруженија“ не доаѓаат од обичните луѓе, туку од политичарите и северните соседи. Косово не...

More Articles Like This