April 20, 2024, 12:12 pm

10 годишно девојче пoчинa поради „ТикТок“ предизвик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителството отвори истрага за смртта на 10-годишно девојче кое, наводно, учествувало во „предизвикот за затемнување“, предизвик што се здоби со популарност на „ТикТок“.

Девојчето почина во средата во Палермо, Италија. Ја пронашла нејзината помлада сестра откако предизвикот што наводно се обидувала да го изврши тргнал наопаку.

„Предизвикот за затемнување“ беше критикуван од медицинските службеници откако младите луѓе почнаа да се гушат пред камерите во обид да добијат привременa еуфорија од ограничување на кислородот до мозокот.

Лисија Ронзули, претседател на италијанската парламентарна комисија за заштита на децата, упати критика кон социјалните мрежи кои дозволуваат ваква содржина да се шири на нивните платформи, повикувајќи на построга регулатива за заштита на корисниците, особено оние на возраст под 18 години.

Социјалните мрежи не можат да станат џунгла каде што било што е дозволено.

Портпарол на ТикТок ги отфрли обвинувањата дека тој е одговорен за инцидентот, потенцирајќи ги неговите заштитни мерки. Во изјавата, компанијата рече:

„Не дозволуваме никаква содржина што охрабрува, промовира или велича однесување што може да биде опасно“.

Истрагата од органите на прогонот доаѓа во време кога „ТикТок“ веќе се соочува со тужба од италијанската агенција за заштита на податоците. Судската акција, започната во декември, ја обвинува технолошката компанија за обезбедување „недостаток на внимание за заштита на малолетници“, со оглед на тоа колку е лесно за малите деца да создадат сметка на страницата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This