10.000 МАКЕДОНЦИ БАРАЛЕ БУГАРСКИ ПАСОШИ: Софиските медиуми објавуваат дека за една година 10.000 Македонци барале бугарски пасоши

  • June 2, 2018

Во периодот меѓу мај 2017 и мај 2018 година вкупно 17.793 лица побарале бугарско државјанство, односно пасоши, а од нив најголемиот број се од Македонија, информираше министерката за правда Цецка Цачева пред бугарското Народно собрание.

Според Цачева, околу 10.000 од овие барања биле од македонски граѓани, пишува „Софиа Глоуб”.

Освен од Македонија, голем дел од апликациите биле од земји, како што се вели, со значителни бугарски заедници, вклучувајќи ги Украина, Молдавија, Албанија и Србија.

Според податоците што ги објавила Цачева, одобрени биле 9.848 апликации, а одбиени се 895. Од поднесените барања повеќе од 700 биле за повторно добивање државјанство.

Во истиот период, пак, 354 лица побарале да се откажат од нивното бугарско државјанство.

Од друга страна, во однос на апликациите за државјанство врз база на престој или бизнис во земјата, најголем број биле Руси-148, по нив се Украинците со 59, Ирачани-50, Ерменци-37, Сиријци-34 и петмина Авганистанци.

Претходно «
Следно »