100 илјади граѓани живеат со 40 денари на ден, ЕВН лани остварило профит од 32 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Објаснувањето што беше кажано од Регулаторна мене ми е прилично несмасно. Практично не можам да поверувам дека може да се покачи цена на струја како дозволуваат сметките, методологијата. А, законите дозволуваат да се покачи цена на струја во ваква криза, но не дозволуваат да се намали. Мене ми е тоа практично неприфатливо објаснување. И мислам дека едноставно е недолично објаснување во ваква ситуација, и мора да се изнајде решение“, истакна Бранимир Јовановиќ, поранешен советник во министерството за финансии при своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“.

Јовановиќ вели дека покачувањето на струја е директен удар врз 755.000 сиромашни граѓани, кои што дел од нив живеат со 40 денари дневно.

„Се говори во јавноста дека ова поскапување ќе значи и 100 до 200 денари повисока сметка месечно. За луѓе што живеат со 40 денари на ден тоа се огромни пари. Така што ова поскапување ќе значи удирање по најсиромашните“, вели Јовановиќ.

Поранешниот советник на Тевдовски реагираше и на социјалните мрежи па така тој на фејсбук вели дека ЕВН лани остварила нето добивка 36 милиони евра, МЕПСО 7 милиони, ЕСМ (ЕЛЕМ по старо) 3 милиони. Во исто време, 100.000 луѓе во државава живееле со помалку од 40 денари на ден.

„Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.

Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.

Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.

Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.

Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.

Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа“, пишува Јовановиќ на Фејбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This