September 26, 2020, 9:42 am

100 илјади граѓани живеат со 40 денари на ден, ЕВН лани остварило профит од 32 милиони евра

Поврзано

ГТЦ пpoпaѓa – Дyќaнитe пoд клyч

Објект во распаѓање и над 80 затворени дуќани е сликата на Градскиот трговски центар која секојдневно ја гледаат жителите...

Beчepвa „Бeлa нoќ“ вo Cкoпje

Вечерва, по 16. пат, во Скопје ќе се одржи културната манифестација „Бела ноќ“. Една недела порано од вообичаеното на 10...

Пoceбeн peжим на cooбpaќaj вo Скопје yтpe

На 27.09.2020 (недела) со почеток во 09.45 часот, во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“...
- Advertisement -

„Објаснувањето што беше кажано од Регулаторна мене ми е прилично несмасно. Практично не можам да поверувам дека може да се покачи цена на струја како дозволуваат сметките, методологијата. А, законите дозволуваат да се покачи цена на струја во ваква криза, но не дозволуваат да се намали. Мене ми е тоа практично неприфатливо објаснување. И мислам дека едноставно е недолично објаснување во ваква ситуација, и мора да се изнајде решение“, истакна Бранимир Јовановиќ, поранешен советник во министерството за финансии при своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“.

Јовановиќ вели дека покачувањето на струја е директен удар врз 755.000 сиромашни граѓани, кои што дел од нив живеат со 40 денари дневно.

„Се говори во јавноста дека ова поскапување ќе значи и 100 до 200 денари повисока сметка месечно. За луѓе што живеат со 40 денари на ден тоа се огромни пари. Така што ова поскапување ќе значи удирање по најсиромашните“, вели Јовановиќ.

Поранешниот советник на Тевдовски реагираше и на социјалните мрежи па така тој на фејсбук вели дека ЕВН лани остварила нето добивка 36 милиони евра, МЕПСО 7 милиони, ЕСМ (ЕЛЕМ по старо) 3 милиони. Во исто време, 100.000 луѓе во државава живееле со помалку од 40 денари на ден.

„Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.

Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.

Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.

Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.

Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.

Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа“, пишува Јовановиќ на Фејбук.

Latest News

Командантот на УЧК и братучед на Харадинај со шokантна изјава: Уб ивав српски војници секогаш кога имав можност за тоа

Потпретседателот на здружението на ветерани на Ослободителна војска на Косово УЧК, Насим Харадинај, кој вчера беше уапсен во Приштина,...

(Видео) Ceдyм лицa yaпceни пopaди нaпaдoт со caтap кaj Шарли Ебдо во Париз

Полицијата како терористички чин го третира нападот изведен вечера во Париз во кој близу канцеларијта на старичното списание Шарли Ебдо се избодени најмалку две...

Oбeдинeтoтo Kpaлcтвo вo cлeднитe 4 гoдини во СЗО ќе пapтиципиpa co 430 милиoни фyнти

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска на Генералното собрание на ОН во Њујорк ќе соопшти дека Обединетото Кралство за 30 отсто ќе го зголеми својот...

Bлaдaтa имa пapи зa лyбpикaнти и koндoми, а нeмa пapи зa нoви yчилиштa

Дел од училишта без елементарни услови за настава, a 40.000 деца без компјутер за следење на онлајн наставата. И, наместо да се инвестираа во...

ПРОТЕСТ И КОНТРАПРОТЕСТ: Полициска бруталност и одбрана на полицајците

Денеска напладне треба да се одржи протест против полициската бруталност во Битола, а кој е инициран од инцидентот кој се случи завчера кога битолчани...

More Articles Like This