April 19, 2024, 10:48 pm

100 ДЕЦА ДНЕВНО ЗАВРШУВААТ НА КЛИНИКА ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО: Најмалиот пациент кој е хоспитализиран е бебе старо месец дена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради загадувањето на воздухот клиниките за детски болести и белодробни заболувања се полнат со пациенти. По 100 деца дневно завршуваат во болницата на Козле поради респираторните проблеми. Од таму велат дека најмалиот пациент кој е хоспитализиран е бебе старо месец дена.

Од Универзитетската клиниката за детски болести пак посочуваат дека неопходна е студија на ниво на Македонија која ќе даде појасна слика за тоа како загадувањето влијае врз здравјето, одобено на децата. Од таму велат дека бројот на најмалите пациенти не отстапува од вообичаениот, за овој период од годината.

Во предизборната кампања од тогашната опозиција велеа дека имаат план за делување. Тогаш проблемот со аерозагадувањето беше туѓа вина, и не беше нерешлив.

И покрај тоа што во скопскиот регион се уште вон функција се двете мерни станици во Гази Баба и Лисиче, каде според објавуваните податоци имаше најголемо загадување, македонската метропола се најде на врвот на неславните листи за лош квалитет на воздухот. Од Министерството за животна средина молк. Со денови нема одговор на прашањата на Алфа колку чини нивната поправка и кога ќе бидат ставени во функција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This