April 19, 2024, 10:53 am

НАТО ГО НАВРЕДИ ЕРДОГАН: Турската војска ја напушти вежбата во Норвешка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтемберг и се извини на Турција, за воената вежба во Норвешка, на која Мустафа Кемал Ататурк и претседателот на Турција Реџет Тајп Ердоган биле прикажани како непријатели, по што Турскиот лидер ги повлекол своите војници од вежбата.

„Се извинувам заради навредата“, рече Столтемберг во соопштението, наведувајки дека инцидентот е резултат на „потег на поединец“ и дека тоа не е став на Алијансата, пренесува АП.

Спомнатиот поединец за кого се вели дека е цивил по договор од Норвешка, а не дека е службеник на НАТО, тргнат е од вежбата и во тек е истрага за инцидентот, додаде Солтемберг.

„На Норвешките власти е да одлучат за дисциплинските мерки. Турција е почитуван сојузник на НАТО која дава значителен придонес за заедничката безбедност“, додаде Јенс.

Ердоган тврди дека неговото име и името на Ататурк се ставени на „листата непријатели“ во тек на НАТО вежбата и рече дека тој лично наредил повлекување на 40 турски војници од вежбата, дури и доколку „имињата бидат тргнати од листата“

Потоа Ердоган за НАТО кажа: „ Не може да бите таков пакт на таква алијанса“.

 

Подготвил

Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This