11 СООБРАЌАЈКИ ВО ЕДНА ВЕЧЕР: Пешак и возач тешко повредени, осум со полесни повреди!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пешак и возач на автомобил се тешко повредени, а осум лица се здобиле со полесни повреди во седум сообраќајки што се случиле вчера во Скопје. Евидентирани се и четири сообраќајки во кои е причинета материјална штета.
soobrakjajna_policija

Полицијата презела казнени мерки против четири возачи под дејство на алкохол кои се исклучени од сообраќај, деветмина за брзо возење, четворица кои поминале на црвено светло на семафор, 10 кои користеле мобилен телефон, а 17 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и двајца пешаци кои сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се 32 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 57 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе одржи посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ одделение во ООУ „Круме Кепески“ во општина Кисела вода.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This